Неодамнешни статистички податоци покажуваат дека 46,3 милијарди долари годишно се трошат за производи за слабеење во САД. Истражувањето спроведено во Велика Британија во 2016 година открива дека речиси половина од испитаниците биле на диета минатата година. Концептот на диета е несомнено опкружен со митови, погрешни претпоставки и луди идеи. Некои од овие идеи се тука во оваа статија.

1. Диета: Заспана убавица

Оваа диета се води според фактот дека: Кога спиеме не јадеме. Луѓето пијат различни лекови за да заспијат и да не јадат. Елвис Присли неколку дена бил во медицински предизвикана кома со цел да ослабе. Оваа „диета“ е многу опасна и може да доведе до срцеви заболувања и зависност од лекови.

2. Диета со цигари

Оваа диета станала позната по слоганот на Lucky Strike од 1920-тите кој гласел: „Посегнете по Лаки наместо по слатки“.

3. Алелуја диета

Оваа диета вклучува само да се јадат растенија кои се спомнуваат во Библијата. Оваа диета иако вклучува и хранливи состојки сепак не е избалансирана и може да му наштети на телото.

4. Диета со тении

Оваа диета се појавила во Викторијанската ера кога жените биле опседнати со изгледот. Тие голтале јајца од тенија, а освен што губеле тежина добивале, дијареја и треска.

5. Диета со памучна топка

Во 2013 година се појавиле многу видеа во кои млади луѓе јадат топчиња памук, верувајќи дека тие ќе ги „заситат“.

6. Диета со оцет

Џорџ Гордон Бајрон бил опседнат со ослабнувањето како што се денес познатите ѕвезди. Тој имал строга диета до која се држел цел живот и која вклучувала бисквити, сок и компири со оцет. Исто така пред секој оброк пиел неколку лажици оцет за да му се намали апетитот. Премногу оцет може да доведе до ерозија на вашите заби, изгорено грло и проблеми со дигестивниот тракт.

7. Визуелна диета

Оваа диета била измислена во Јапонец во 2000-те години. Според него црвената и жолтата боја отвараат апетит, а додека сината боја го намалува апетитот. Затоа треба да се носат сини очила додека се јаде. Не постојат докази дека неговата теорија е точна.

8. Диета со џвакање

Хорас Флечер ја џвакал храната 32-80 пати, а потоа го плукал онаа што останало. Иако за оваа диета нема научен доказ дека всушност функционира, таа била следена од луѓе како Џон Д. Рокфелер, Франц Кафка и претседателот Теодор Рузвелт.

9. Енди Ворхол диета

Енди во неговата книга The Philosophy of Andy Warhol напишал дека кога одел во ресторан ја порачувал храната која што не му се допаѓа, а пред да тргне барал да му ја спакуваат и ја давал на бездомниците.

10. Диета со колачиња

Оваа диета била создадена од д-р Санфорд Сигал во 1975 година. Клучот за оваа диета е да се јадат шест специјални колачиња дневно наместо појадок и ручек, а потоа да се има здрава вечера, контролирајќи го внесот на калории. Бисквитите се направени од овес, овошје и аминокиселини и доаѓаат во различни вкусови. Некои нутриционисти не се сигурни дали оваа рестриктивна исхрана е доволно избалансирана или добра за вашето здравје.

11. Диета за прочистување

Оваа диета, која ја застапува Бијонсе меѓу другото, вклучува замена на традиционални јадења со специјално подготвена детокс лимонада, направена со сок од лимон, свеж јаворов сируп и бибер. Проблемот со оваа диета е тоа што, иако ви овозможува да изгубите тежина брзо, ќе ја вратите назад за кратко време, веднаш штом ќе почнете да јадете нормално повторно.

12. Диета со шиење на јазикот

Оваа „диета“ е измислена од пластичниот хирург д-р Чугај. Според неа на пациентот му шијат парче посебен материјал на јазикот со голем број на конци. Како резултат на оваа операција, конзумирањето цврста храна станува толку болно што луѓето немаат друг избор освен да се префрлат на диета која е течна. Пациентите го носат овој материјал еден месец, а потоа одат на уште една опрација за да го извадат.

Сподели на Facebook
пати видено