Марк Бутон 30 години работел како агент на ФБИ. Ја апишал книгата „Како да забележите лаги како ФБИ агент“ во која вели: „Има поголем број на изрази на лицето и други поврзани реакции кои би можеле да посочат дека некој ве лаже. Некои се предизвикани од нервоза, други од хемиски реакции, а трети се телесни реакции“. Прочитајте за дванаесетте особини на лажливецот, според Бутон.

fbi

Брзо движење на очите лево-десно

„Ова е телесна реакција како резултат на чувството на неудобност на човек на кој му е неудобно или се чувствува во стапица поради вашите прашања на кои тој не сака да одговори. Тоа е наследство од минатото кога луѓето се наоѓаат во опасност и мораат да бараат излез во опасна ситуација, како на пример кога ќе се соочеле со непријател.“

Брзо трепкање

Човек вообичаено трепка пет до шест пати во миута, или еднаш на секои десет до дванаесет секудни. Кога е под стрес, на пример кога е свесен дека лаже – тој може брзо да трепне пет-шест пати едно по друго.

Затворање на очите подолго од една секунда

Кога некој лаже, тој често ги затвора очите за една или повеќе секунди. Тоа е еден вид на одбранбен механизам. Вообичаено човек трепнува со брзина од 100 до 400 милисекунди.

Гледање горе в десно

Кога ќе запрашате нормален, деснорак човек дали нешто видел, ако погледне нагоре или в лево, тој навистина се обидува да се присети на тоа што се случило. Но, ако ја крене главата и погледне кон десно, тој ѝ пристапува на својата имагинација.

Исправен поглед в десно

Ако прашате некој за нешто што слушнал, неговите очи ќе се придвижат в лево ако се обидува да се присети што навистина слушнал. Ако ги придвижи очите в десно, се подготвува да излаже.

Гледање долу в десно

Ако запрашате човек за допир или мирис, ако погледот го насочи надолу кон лево, тој се обидува да се присети на дразбата која навистина ја почувствувал. Ако погледне кон десно, ќе излаже.

Собирање на кожата и брчки околу очите

Бутон вели дека кога луѓето искрено се смеат, кожата околу очите се собира и им се појавуваат брчки.

Допирање на лицето

Кога луѓето лажат, во телото се јавува хемиска реакција која предизвикува сврбење на лицето.

Собрани усни

Кога човек лаже, устата често му се суши. Тогаш лажливецот прави движење како да шмука, собирајќи ги усните, за да се справи со тоа.

Прекумерно потење

Кога луѓето лажат, најчесто се потат на челото, образите и тилот. Ако човек посегнува да се избрише на овие места, ова е еден од можните знаци дека лажат.

Црвенеење

Црвенеењето е несвесен рефлекс предизвикан од централниот нервен систем, како резултат на лачењето на адреналин.

Клатење на главата

Често кога луѓето ја кажуваат вистината, тие климаат со главата во согласност со тоа што го велат. Но ако ја клатат главата одречно, тогаш нивното тело ја издава нивната лага.

Сподели на Facebook
пати видено