Не постои универзален начин да се збогатиме. Понекогаш дури и најпознатите глупави идеи можат да станат навистина успешни, додека генијалните не им носат ништо на нивните творци.

1. Џој Мангано, Чудесниот џогер

Џој го продавала нејзиниот џогер, кој се цеди без корисниците да ги намократ рацете, на саеми и до 1995 година го заработила нејзиниот прв милион. Оттогаш таа има креирано и други изуми кои и донеле милионски профит.

2. Гај Лалиберте, Цирк ду Солеил

Гај Лалиберте некогаш бил уличен уметник. Еден ден тој имал идеја да си создаде свој циркус и го основал Cirque du Soleil во 1984 година, познат по своите извонредни претстави. Оваа идеја му донесе на Гај неколку милијарди долари и му дозволи да стане еден од првите вселенски туристи.

3. Ричард Т. Џејмс, Слинки

Слинки бил измислен од Ричард Т. Џејмс во 1943 година. Тој работел како поморски инженер и изработувал уреди за поморски бродови. Откако пружина случајно паднала на подот и му дошла идеја за неговиот голем и успешен бизнис. На почетокот, слинки бил произведуван од црн метал, но подоцна почнал да се произведува од пластика со бои на виножитото.

4. Гери Дал, домашно милениче камен (Pet Rock)

Гери сакал само да се пошегува и почнал да продава камење како домашни миленици во 1975 година и оваа идеја му донела милиони. Луѓето го купувале каменот кој им бил одставен во кутија со слама во која стоеле инструкции „како да се грижат за каменот“.

5. Бајрон Рис, Писмо од Дедо Мраз

Бајрон ја основал својата компанија SantaMail во 2001 година. Тој нашол адреса во Северниот Пол (град во Алјаска) и испраќал писма до децата од Дедо Мраз по барање на нивните родители. Марката на писмото може да ги убеди дури и повеќето скептични луѓе дека писмото навистина е испратено од Дедо Мраз. Услугата чини 10 долари.

6. Рони Ди Луло, Доглс

Рони ја добил идејата да ги создаде Doggles во 1997 година кога забележал дека неговиот пес мижел при силна светлина. По темелно истражување, направил совршена анатомска конструкција за да се вклопи на главите на кучињата и да се заштитат нивните очи. Во моментов, Рони заработува милиони и продолжува да измислува нови работи за домашни миленици.

7. Кен Ахрони, Среќни коски

Постои традиција да се крши јадецот на мисирката на Денот на благодарноста. Оној кој ќе добие поголем дел од него се вели дека ќе му се исполни желбата. Кен Ахрони одлучил дека секој треба да замисли желба за време на прославата и започнал производството и дистрибуцијата на овие коски за 3 долари по парче. До 2006 година, Ахрони станал милионер.

8. Јона Вајт, Били Боб заби

Во 1993 година, Јона Вајт доби идеја да создаде лажни заби кои би можеле да ги трансформираат сите во Били Боб. Оваа забавна идеја на крајот стана голема компанија која продаде 20 милиони парчиња заби на Били Боб во различни дизајни.

9. Џо Пелетиери, рибата која пее

Смешната риба Big Mouth Billy Bass која се закачува на ѕидот како декорација била измислена од Џо во 1998 година. Рибата е прикачена на табла и се движи и пее песни кога ќе го притиснете копчето. Били има неколку песни во неговиот репертоар и стана елемент на сегашната поп-култура.

10. Гери Клег, ќебе со ракави

Гери одлучи да го реши проблемот со тоа што не сакал да ги тргне рацете од под ќебе и измислил ќебе со ракави. Така компанијата Slanket се појави во 2005 година. До сега, компанијата продаде милиони Slankets кои чинат 35 долари, парче.

11. Алекс Крег, порака на компир

Алекс Крег ја измислил услугата Potato Parcel Service во 2015 година. Можете да купите компир на нивната веб-страница и да изберете натпис од 100-140 симболи. Компанијата ги гравира зборовите и го испраќа компирот на адреса анонимно. Услугата чини 10 долари и има многу клиенти кои сакаат да ја купат и тоа го направило Крег милионер.

12. Џејсон Садлер, Ја носам вашата маица

Џејсон Садлер е основач на компанијата I Wear Your Shirt, во 2005 година. Тој користел маици за рекламирање бизниси и ги носел по одредена цена. На почетокот заработувал по 1 долар дневно и тој бил единствениот кој ги носел. Потоа ангажирал повеќе луѓе да ги носат. Со тоа, тој заработил 5 милиони долари, ја затворил својата компанија и се придвижил напред со различен бизнис.

Сподели на Facebook
пати видено