Кога одиме на патување сакаме се да биде совршено. Исто така не сакаме непотребно да трошиме време, енергија и пари. Овие корисни совети ќе Ви помогнат да се ослободите од непотребните грижи и подобро да се организирате за летувањето.

Жалфија штити против комарци

Доколку сте на кампување за да се ослободите од комарците се што треба да направите е да фрлите еден сноп жалфија во камперскиот оган и комарците нема да Ви се доближат.

 

Сад за контактни леќи за чување на крем за лице или паста за заби

Доколку не носите леќи можете да купите вакво кутивче по многу ниска цена во секоја аптека. Нема да има потреба да носите голема крема, ниту пак да се грижите дека ќе Ви се расипе во куферот.

Ловоров лист за да се избегне морска болест

Ставете ловоров лист под јазикот доколку имате морка болест и повеќе нема да чувствувате гадење. Исто така ловоровиот лист е корисен и кога имате мачнини од патување со автомобил или автобус.

Кутијата за таблети за чување на накит

Се ќе биде уредно подредено а ќе зазема многу мал простор. Кутијата за таблети е одлична за складирање на Вашиот накит.

Како да се избегне туткање на облека во куфер

За да не се изгужва облеката наместо да ја диплите, мотајте ја. Доколку сакате да се осигурате дека облеката нема да се одмота, прицврстете со ластик.

Криење на дополнителен клуч под камен

Наместо да го оставате во чергичето, ископајте мала дупка во дворот во близина на вратата, ставете го клучот во мала тегличка, сместете го во дупката и врз него ставете камен.

Следете ги камионџиите

Доколку патувате со автомобил и сакате да застанете по пат за да јадете, само следете ги камионџиите. Тие често поминуваат на истата релација и знаат каде има места кои што нудат добар оброк.

Селфи со странец

Доколку патувате автостоп, најдобро е кога ќе влезете во автомобилот на непознатиот да му поставувате повеќе прашања за нивното хоби, патувања и слично. Но и прилично е корисно да го замолите за селфи, кое ќе го објавите на некоја од социјалните мрежи и на тој начин ќе се заштитите себе си.

ОК Мапи

Овие мапи ги зачувуваат сликите од Гугл Мапс и Вие секогаш ќе имате пристап до нив дури и кога немате интернет.  Едноставно кликнете “OK Maps” во полето за пребарување и Google ќе го стори останатото за вас.

Дезодоранс за да се излечи јадежот

Ако сакате да престане чешањето од комарци, само прснете од Вашиот дездоранс на местото на убод.

Внимателно складирање на облека

Ако сакате Вашата облека да остане чиста и да не ги впие мирисите од куферот, наредете влажни марамчиња на дното и од страните на куферот.

Налепници „Кршливо“

Доколку патувате со авион, треба да знаете дека песроналот со ваквиот багаж се однесува со големо внимание и го симнуваат прв. Побарајте налепница „кршливо“ на рецепцијата и нема да има потреба да се грижите за Вашиот куфер.

Сподели на Facebook
пати видено