Дејвид Даглас знае што значи тоа да се биде силен. На крајот на краиштата, тој е два метри висок, 150 килограми тежок бивш маринец наречен „Ѕверот“ и сега е натпреварувач во кревање тегови. Тој може да крене тежина од 220 килограми, но само кога ја запознал 12-годишната Линдзи Ретклиф го сфатил вистинското значење на зборот сила.

Линдзи има крајно ретко генетско нарушување наречено прогерија поради кое нејзиното тело старее 8-10 пати побрзо од нормалното. Ова на Линдзи и дава просечен животен век од тринаесет години. „Никогаш не би погодиле дека таа толку силно се бори со нешто“, вели Даглас, „бидејќи таа е постојано насмеана“. Дејвид и Линдзи се запознале во 2013 за време на еден натпревар во кревање тегови наречен „Неуморни“. Настанот бил спонзориран организацијата ХопКидс и се одржува во добротворни цели за да им се помогне на децата со ретки заболувања. Оттогаш двајцата се неразделни другари.

„Линдзи ми стана помала сестричка уште од првиот ден“, пишува Даглас. „Нема зборови за да се опише што чувствувам за неа. Само штом ќе помислам на неа, се оттгрнувам од тешките мисли. Тоа е скапоцен дар.“

ld01 ld02 ld03 ld04 ld05 ld06 ld07 ld08 ld09

Сподели на Facebook
пати видено