Мимиките и гестовите се појавиле многу одамна пред да се измисли козметиката или облеката или пред луѓето да имаат можност да го користат говорниот јазик.

Затоа овој инстинктивен метод за комуникација е главен фактор кој влијае на тоа како другите луѓе нè гледаат.

1. Држење на зглобот со една рака

Кога ќе ја фатиме едната рака со другата зад грб испраќаме силен негативен сигнал до другите. Ова е најчесто затоа што го правиме оваа движење кога се нервозни или лути. Колку повисоко ја ставаме раката толку поголемо незадоволство предизвикуваме кај другите.

2. Прекрстени нозе

Оваа движење значи дека не и верувате на личноста со која комуницирате или пак на приказната која што ви ја кажува. Исто така оваа движење е придружено со ставање на рацете во џебовите.

3. Вкрстени прсти

Вкрстените прсти се знак дека не сакате да ја слушате личноста со која комуницирате и сакате да се исклучите од разговорот.

4. Вкрстени прсти во крената положба

Овој гест има слично значење од претходниот само разликата е во тоа што колку повисоко ги кревате рацете толку повеќе сакате да се сокриете од соговорникот.

5. Спуштени раменици

Ова значи дека сте несреќна личност и дека имате недостаток на самодоверба.

6. Иронична насмевка

За многу луѓе оваа насмевка станала навика и луѓето мислат дека се саркастични. Немојте да се обидувате да ги имитирате лошите момци од филмовите и не двоумете се да се насмеете искрено.

7. Рака насочена кон личноста со која зборувате

Многу луѓе не го препознаваат овој гест, но тој значи: „Те молам престани да зборуваш!“. Секако ова не се однесува на моментите кога сакате некого да фатите за рака.

8. Раце на колковите

Ова е прилично агресивна положба, но некогаш ја користиме затоа што не знаеме каде да ги „сместиме“ рацете. Сепак оваа положба значи дека сте одбивна личност и не се согласувате со зборовите на соговорникот.

9. Покажување со палецот

Често кога зборуваме за нешто може да се случи да покажеме со палецот наназад. Овој гест се смета за знак на непочитување. Исто како да кажете: „Даа, даа знам“ и на вашето лице да се гледа дека не ви е грижа.

10. Стегната тупаница

Оваа позиција на рака открива скриена тензија и страв. Колку е погоре тупаницата толку има поголем степен на напнатост. Изгледа како да сте подготвени да удрите некого или да се браните, а луѓето околу вас можат да го почувствуваат тоа.

11. Покривање на устата со рака

Освен што нема да ве разберат добро, соговорниците можат да помислат дека криете нешто од нив.

12. Тресење на прст кон некого

Ние често го користиме овој гест кога сакаме да убедиме или контролираме некој, но ефектот се покажува како спротивен, бидејќи повеќето луѓе не сакаат да бидат опоменати.

Во принцип, тајната на харизма е прилично едноставна: колку е поотворена вашата поза, толку полесно ќе оставите добар впечаток за другите. Раширете ги рамената, покажете ги вашите отворени дланки и ќе бидете попривлечни за луѓето.

Сподели на Facebook
пати видено