Ја делиме планетата со овие прекрасни суштества, но дали знаеме се за нив? Ова се неколку од најинтересните и најнеобичните факти за животните.

1. Козите имаат акценти.


Истражувањата покажале дека и козите како и луѓето можат да ги променат гласните нијанси во согласност со нивната животна средина и времето поминато околу нивните врсници!

2. Волците имаат само еден партнер.


Чопорот најчесто се состои од алфа мажјак, женка и нивните потомци. Постарите младенчиња помагаат во грижата за помалите.

3. Постои бесмртна медуза.


Оваа подводно суштество може да го реплицира ткивото на нејзиното тело со помош на матичните клетки и всушност се реинкарнира.

4. Кучињата „Пагс“ имаат најдобра збирна именка.


Има многу збирни именки за животни, но овие преслатки кучиња ја имаат најдобрата.

5. Пингвините ги запросуваат своите партнери.


Исто како и волците и пингвините имааат партнер за цел живот. Мажјакот ја запросува женката така што и подарува камен како симбол на неговата љубов.

6. Слоновите имаат неверојатни социјални навики.


Слоновите можат да се смејат и да плачат. Имаат церемонии за пречек за роднините со кои не се виделе одамна и „погреби“ за починатите слонови.

7. Кравите имаат најдобри пријателки.


Истражувањата покажале дека кравите сакаат да се социјализираат и имаат по едно пријателче од стадото. Ако ги разделат од пријателката тие стануваат нервозни и анксиозни.

8. Морските крави биле инспирација за легендите за сирени.


Кога пливале на површините морските крави често биле обвиткани со морска трева околу главата, што личела на долга коса. Ова предизвикувало морнарите да мислат дека виделе сирена.

9. Пеењето на китовите се шири како човечката музика.


Во област каде што живеат неколку китови ќе се пее истата песна, која што ќе ја развијат со текот на времето. Доколку песната стигне и до некоја друга област и им се допаѓа на останатите китови и тие ќе започнат со пеење на истата.

10. Школките го менуваат полот.


Во зависност од тоа кој им повеќе одговара за време на сезоната на парење, школките го избираат тој пол.

11. Лавиците остануваат заедно цел живот.


Сестрите лавици ќе живеат заедно целиот свој живот. Кога имаат младенчиња, женките остануваат со семејството а мажјаците заминуваат во дивината.

12. Машките морски коњчиња ги носат своите младенчиња.


Морските коњчиња се моногамни. Мажите ги носат оплодените јајца додека не се подготвени да се родат. Морските коњчиња се држат за опашките кога пливаат, исто како што луѓето се држат за раце.

Сподели на Facebook
пати видено