Филмовите понекогаш можат да бидат морничави и многу страшни, но барем можете да најдете утеха во фактот дека тие вообичаено се плод на фантазијата и чиста измислица. Дури и филмовите со назнака „засновано врз вистинит случај“ не ветуваат некоја голема точност.

Но, не грижете се, има мноштво морничави приказни кои се жива вистина. Еве некои такви примери.

1. Кога деца од основното училиште Ривервуд во Австралија еден ден отишле на одмор, откриле дека во нивната куќичка во шумата има 1.5 литар човечка крв…

hr01

Според количеството крв, сосема е јасно дека жртвата не можела да стане и да си замине. ДНК тестовите не успеале да ја поврзат крвта со било кого.

2. Бројот 0888-888-888 бил укинат поради многу мрачна причина…

SONY DSC

Секој човек кој го поседувал обој телефонски број умрел за помалку од десет години откако го добил. Две од жртвите биле мафијашки шефови на кои главата секако им била в торба, но телефонските компании сепак не сакаат да ги бие лош глас.

3. Кога Џорџ Бојер бил дете, тој не сакал да биде атлетичар или рок ѕвезда кога ќе порасне. Наместо тоа, тој сакал да биде едноног. Кога наполнил шеесет и осум години, желбата му се исполнила.

hr03

Бојер се застрелал во ногата. Докторите во болницата му кажале дека можат да му ја спасат, но Бојер ги убедил да му ја ампутираат без оглед на тоа. До крајот на својот живот, Бојер среќно си живеел со една нога. Ете, гледате што сѐ држи оваа земја.

4. Во 1885. година, еден човек во поштенското сандаче добил писмо од неговиот брат. Проблемот бил во тоа што неговиот брат бил мртов веќе 13 години…

hr04

Во писмото пишувало дека брат му умствено се пореметил и наскоро ќе го посети. Кога човекот го ископал гробот на брат му, тој бил празен.

5. Во 1837 година, Едгар Алан По го објавил романот „Авантурите на Гордон Пим“. Приказната била за три морнари кои морале да го изедат нивниот пријател за да преживеат бродолом. Едгар Алан По немал поим дека неколку години подоцна приказната ќе се обистини…

hr05

Во 1884 тројца морнари доживеале бродолом и морале да го изедат нивниот другар, кој се викал – Ричард Паркер, сосема исто како во приказната на Едгар Алан По.

6. Едвард Мордрејк се родил со две лица. Второто лице не можело да зборува, но можело да се смее и плаче независно од неговите чувства…

hr06

Едвард ова лице го нарекол „ѓаволски близнак“. Се убил на 23-годишна возраст откако докторите одбиле да го отстранат од неговиот череп.

7. Локалните жители ги предупредувале советските археолози дека ако го земат черепот на Тимур, еден од најголемите монголски освојувачи, тоа ќе доведе до војна, но тие сепак го однеле…

hr07

Следниот ден, на 22. јуни 1941, се случила операцијата Барбароса, нацистичката инвазија на Советскиот Сојуз. Во текот на следните неколку недели загинале илјадници Руси.

8. Во 1848. на брегот на Индонезија стигнал чуден и вознемирувачки повик од бродот СС Уранг. Еден од гласовите велел: „Сите офицери вклучително и капетанот се мртви, лежат во кабината и на мостот. Веројатно целиот екипаж е мртов…“

hr08

Брод кој се наоѓал во близина наскоро добил порака со Морзеовата азбука. Гласела: „Умирам“. Кога друг брод го нашол Уранг, сите членови на екипажот биле мртви, со очи широко отворени и лица свртени кон небото..

9. Во 1997 Рита Свифт развила фотографска лента која ја нашла на земјата. Шеснаесет од фотографиите биле од 1969, но три биле од многу порано…

hr09

Трите фотографии биле направени со примитивна камера, на кои биле прикажани луѓе во индијанска облека од деветнаесеттиот век.

10. Еден човек од Јапонија поставил безбедносна камера бидејќи се сомневал дека некој краде од неговата кујна. Помислил дека можеби е животно, но кога ја видел снимката…

hr10

Се испоставило дека е жена којашто секоја ноќ излегувала од неговиот шкаф, јадела од неговата храна, па дури и си се туширала. Цела година живеела во неговиот дом без воопшто да ја забележи.

11. Во 1669. кралот Луј XIV пратил човек во затвор без никакво судење. Човекот бил присилен цело време да носи грозна маска. Што сторил човекот за да биде затворен…?

hr11

Никој не знае. До денешен ден, идентитетот на човакот останал непознат. Што и да му згрешил овој човек на кралот, мора многу да му згрешил. Неговото име умрело засекогаш кога умрел и кралот.

12. Ноќта пред 15. април, 1865, денот кога бил застрелан Линколн, тој сонил сон кој можеби ја предвидел неговата судбина…

hr12

Во неговиот сон, Линколн видел војник како стои до ковчег. Кога го прашал војникот кој умрел, војникот одговорил – претседателот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено