Се верува дека Ема Морано е единствената преостаната личност на светот која била родена во 19. век. По неодамнешната смрт на претходната рекордерка Сузана Мушат Џонс, Морано сега официјално е најстарата жива личност во светот која ја достигнала возраста од 116 години. Родена во 1899 година, само еден месец пред влегувањето во 20-тиот век, 116-годишната жена сѐ уште живее сама во нејзиниот дом во Италија и е во впечатливо добро здравје, ако се исклучи целосната глувост.

st

Кога ја прашале за тајната на нејзината долговечност, таа цврсто верува дека исхраната е најважниот чинител.

„За појадок јадам бисквити со млеко или вода“, вели таа. „Тогаш во текот на денот ќе изедам две јајца – едно сирово и едно зготвено, исто како што ми препорачаа докторите кога имав дваесет години.“

Длабоката старост е всушност релативно честа во Италија и научниците ги проучувале животите на некои од најстарите помеѓу нив, со цел да откријат што е тоа што им помага да живеат толку долго.

„Се чини дека Ема оди спротивно на сѐ што би можело да се смета за упатство за правилна исхрана“, вели д-р Карло Бава. „Таа отсекогаш јадела што ќе ѝ се посакало, со исхрана која што се повторува. Со години јадела исто нешто секој ден, без да јаде многу зеленчук и овошје. Но, ете, стигнала толку далеку.“

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено