Интернетот е исполнет со илјадници краткотрајни трендови, секој навидум побизарен од последниот. Ова се најновите трендови кои можат да се најдат на интернет и иако неуспехот за нив е загарантиран, сепак можеме да фаќаме сеир.
11. Предизвикот Кајли Џенер усни
Предизвикот се состоеше од фотографирање на нормалната големина на усните, проследено со вшмукување на чаша и објавување на ужасните резултати.
10. 100 слоја од сè
Без разлика дали тоа ќе биде пудра, коректор или лак за нокти, 2017 ќе биде засекогаш запаметена во нашите глави како година на јутубери и блогери кои се обиделе да натрупаат 100 слоја од сè на своето тело.
9. Блескави бради
Прекумерните светки не се само за девојчиња. ШТо велите за блескави бради? Тренди зарем не? Некои момци преминале и на други видови на декорација на брадите.
8. Ракоплескање и селфи
Дали некогаш сте пробале да дадете аплауз и за направите селфи во исто време? Очигледно тоа сега е некој тренд, но не очекувајте премногу добра фотографија.
7. Скокање од карпи
Ова доаѓа од Велика Британија. Иако скокање од карпи отсекогаш било од интерес за тинејџерите и децата, децата на возраст од 11 години сега скокаат од неверојатно високи карпи.
6. Обоени пазуви
Сакате да ја фарбате косата? Зошто да застанете таму? Вашите пазуви се уште едно одлично место за експериментирање со бојата на косата.
5. Крзнени нокти
Доаѓајќи директно од пистата, трендот на крзнените нокти го прави свој пат кон многу профили на Instagram.
4. Залепено лице
Не знаеме што точно сакаат да постигнат луѓето со овој тренд, но режисерите на хорор филмови можат да земат по некој совет од нив.
3. Предизвик со цимет
Дефинитивно не е добро да се вдишува ситно мелениот цимет во белите дробови. Но, поради некоја причина, сите се уште се желни да се обидат.
2. Штица (планк) позиција
За разлика од вежбите кои ги правите во теретана, овој тренд нема да ви помогне да ги добиете посакуваните стомачни мускули. Трендот бара да заземете планк позиција со вашето тело на било кое место, во било кое време.
1. Лажни, обоени пеги
Јасно ни е дека пегите можат да бидат симпатични. Но, ставање на обоени лажни, светкави пеги на лицето? Тоа е храбар избор е да се каже во најмала рака. Некои луѓе дури и ги тетовираат!














