Првите пет години во животот на детето се критични за неговиот развој. Искуствата кои децата ги имаат во овие години помагаат во обликувањето на нивните личности како возрасни. А најмногу од сѐ, вашиот однос со вашето дете го обликува начинот на кој вашето дете учи и расте. За жал, во современото општество станува сѐ потешко да се одгледува дете, поради тоа што нашиот свет изобилува со токсичност од навидум безбројни извори. Па така, се наметнува прашањето: „Како да одгледам дете во ваква токсична средина?“

Одговорот на ова едноставно прашање воопшто не е едноставен. Најдобро е да го користите вашиот здрав разум и да бидете трудољубиви и упорни. Како родител, треба да согледате на каква средина е изложено вашето дете – во и вон вашето присуство. Како што ја истражувате вашата средина, без сомнение ќе наидете на луѓе кои се штетни за вашето дете. Иако не е ваше да судите, сепак верувајте дека е од исклучителна важност вашето дете да не биде изложено на такви луѓе во неговата рана возраст, во возраста кога растат, учат и се развиваат. Како што созреваат, ќе бидат во подобра состојба самите да се справат со тие опасности. Еве 11 начини како да ги научите вашите деца да ја држат отровноста подалеку од нив.

dt

1. Ограничете ја изложеноста на медиумите

Повеќето од медиумите во нашето современо општество бликаат со негативна енергија. Тука спаѓаат телевизијата, музичката индустрија, филмовите и видео игрите. Поради тоа, многу е важно да ја ограничите изложеноста на вашето дете на такви содржини, сѐ додека не ја достигне возраста кога само ќе може да го разбере и толкува нивното значење.

2. Изведувајте го вашето дете во природа

Кога би фрлиле поглед во многу денешни домови, би ги виделе децата посадени пред телевизорот. На крајот на краиштата, лесно му е на родителот само да каже „Оди гледај телевизија“, на тој начин намалувајќи го „додевањето“ на детето. Но, носењето на детето во природа, каде што ќе може да види животни, растенија, дрвја итн. е хранливо за неговата душа. Правете го тоа почесто.

3. Држете го вашето дете подалеку од секаква драма

Кога станува збор за медиумите, дали сте забележале колку драма произведуваат тие? Треба ли да ја спомнеме заразата во нашите, балкански средини во последните години? Прво се започна со сериите од шпанското говорно подрачје, додека сега целосно се наметнаа турските серии. Додадете ја на тоа и шизофреничната синхронизација на нашите актери и можете да замислите како сето тоа се одразува на младиот и кревок детски ум. Возрасниот кому тоа му пречи може да го истрпи тоа, доколку некој од членовите на семејството ужива во нив, може и да излезе од собата, но детето не може да направи разлика помеѓу измислената реалност и претераното однесување кое се презентира такво единствено поради гледаност, и нормалното однесување кое би требало да се применува во реалноста.

4. Немојте да пиете претерано, ниту да злоупотребувате дроги, а особено не пред вашето дете

Западното општество станува сѐ полиберално кон лесните дроги како марихуаната, но верувајте дека таков пример не треба да им давате на вашите деца доколку сакате да израснат во стабилни и успешни личности.

5. Бидете одговорни за вашето сопствено однесување

Ова и не треба многу да се објаснува. Како возрасни, ние треба да бидеме внимателни на нашето однесување кога сме со деца, бидејќи тие ќе го зборуваат и прават тоа што слушнале и виделе дека се зборува и прави. Обидете се да поставите добар пример за прифатливо однесување.

6. Воздржувајте се од пцуење пред вашето дете

За време на раните детски години, тоа го учи и толкува јазикот на исклучително високо ниво. Поради тоа е важно да се воздржувате од пцуење и друг вид на негативно изразување во присуство на вашето дете.

7. Бидете великодушни, и учете ги и вашите деца на тоа

Би можеле ли да замислите како би изгледал светот ако сите возрасни би ги учеле своите деца да бидат великодушни и дарежливи? Со сигурност многу поразличен од денес. Великодушноста е една од најубавите човечки особини. Обидете се да ја всадите во вашето дете.

8. Секогаш држете се цврсто до вистината

Вистината е позитивна енергија; лагите се негативна енергија. Држењето до вистината би требало да е честа појава во нашето општество, но тоа не е така. Секогаш зборувајте ја вистината и подучете ги вашите деца и тие да го прават тоа.

9. Внимателно бирајте ги луѓето кои ќе бидат околу вашите деца

Токсичните луѓе се поразителни за детската позитивна енергија. Поради тоа, од клучно значење е вашите деца да се дружат и да учат од позитивни луѓе и луѓе кои добро ги познавате. Кога ќе пораснат, ќе бидат во подобра положба да го проценуваат карактерот на луѓето.

10. Научете го детето за моќта на енергијата

На таа возраст, сигурно нема да го учите за Законот на привлекувањето. Но, многу полезно за неговиот развој ќе биде ако го научите да ја разликува позитивната од негативната енергија.

11. Секогаш давајте и примајте љубов од вашето дете

И најдоброто за крај – ништо не може да ја замени љубовта меѓу детето и родителот. За детето е многу важно да знае дека е сакано.

Сподели на Facebook
пати видено