Многу често се случува да не знаеме која е вредноста на работите кои што ги поседуваме. И не зборуваме за нематеријалните нешта туку за предмети, кои што чинеле многу повеќе отколку што нивните сопственици мислеле дека е можно. Еве листа од неколку такви среќни луѓе. Предупредување: Кога ќе завршите со читањето можеби ќе сакате да го исчистите таванот на вашата баба!

Сликата од 390.000 долари била пронајдена во складиште.

Оваа мала слика била дел од многу работи продадени за само 46 долари. Таа му донела на нејзнинот сопственик Робин Дарвел, неверојатни 390,000 долари откако била идентификувана како дело на Џон Констабл.

Оригинална скица на Енди Ворхол, вредна 2 милиони долари.

Во 2010 година, британскиот бизнисмен Енди Филд купил неколку мали слики на распродажба за 5 долари и одлучил да ги стави во друга рамка. Зад старата рамка тој пронашол скица која била оригинален Ворхол. По евалуацијата, специјалистите дошле до заклучок дека оваа мала скица е вредна околу 2 милиони долари.

Мекдоналдс сос.

Дури и Мекдоналдс може да ги направи луѓето богати. Сосот Szechuan кој некогаш се продавал, сега вреди 15.000 долари и секој кој се уште го чува може да го продаде.

Фрагменти од метеорит, 900.000 евра.

Понекогаш луѓето едноставно одат по златните рудници – или метеоритни парчиња, како оној што се наоѓа во Чељабинск, откако метеорит го потресе градот. Најголемиот фрагмент пронајден е во вредност од 900.000 евра.

Овој „шкаф од пицерија“ вреди 1 милион долари.

Некои дизајнери на енетриер во пицерии имаат многу скап вкус. На пример, тие ставиле шкаф од 17-тиот век, кој го прикажува благословот на папата на толпата, пред вратата на тоалетот во пицеријата, во Јоркшир, Англија. Проценетата цена на делото, што никој не го знаеше, е околу 1,6 милиони долари.

Масичка за ТВ вредна 10 милиони долари.

Користен како масичка за ТВ и слични други намени, никој не ја претпоставил вредноста на овој Мазарински ковчег. По евалуацијата, тој бил продаден за 7,3 милиони долари и сега е проценет на скоро 10 милиони долари. Смешно е тоа што бил во куќата на инженер, на само 3 минути оддалеченост од Музејот на Викторија и Алберт, кој очајно го барал ковчегот.

Овој сад пронајден на домашна распродажба вреди 2,2 милиони долари.

Семејство од Њујорк го купило овој сад на распродажба кај соседот за 3 долари. Сега истиот е продаден за 2,2 милиони долари на Џузепе Ескенази.

Оваа стара чаша вреди 250.000 долари.

Џон Вебер, 70-годишен маж од Англија, ја користел чашата како мета за стрелање додека не дознал дека вреди околу една четвртина од еден милион долари. Изработена е од цврсто ахеменидско злато, кое датира од 3 или 4 век п.н.е.

Овој сертификат за акциите на Кока-Кола чини околу 130 милиони долари.

Што е работата со распродажбите во гаражи? Можете да ги најдете најдобрите работи во светот таму! Исто како што Тони Марон направил во 2008 година. Тој купил кутија полна со многу работи работи, вклучувајќи и некои документи, од неговиот сосед. Меѓу нив, тој нашол на сертификат за акции од 1917 година за 1.625 акции во компанијата Palmer Union Oil Company. Оваа компанија се спои со Coca-Cola во текот на годините, а оваа акција сега вреди 130 милиони долари.

200 милиони за фотографии од Ансел Адамс.

Оваа приказна е доста добро позната. Рик Норсигјан, „ловец за продажби во гаражи“, купил 2 кутии фотографии и негативи за 45 долари. Негативите останале под масата 4 години бидејќи Рик не знаел дека тие имаат голема вредност: 200 милиони долари да бидеме точни. Фотографиите биле направени од Ансел Адамс, американски фотограф и еколог.

Стара вазна за 71 милион долари.

Ако не сте толку заинтересирани за чистење на таванот, размислете двапати. Можеби ќе ги следите стапките на пар од Мидлсекс, кои најдоа стара кинеска вазна додека ја чистеа куќата на своите родители. Меѓутоа, кога ја објавија на аукцијата, тие брзо откриле дека оваа вазна вреди 53.105.000 фунти (околу 71.083.156 долари).

Сподели на Facebook
пати видено