Интернетот им дава на луѓето многу можности да заработат пари со ставање во практика на своите неконвенционални идеи. Постојат веб-страници кои одлично заработуваат без разлика дали станува збор за сериозен проект како „паметни часовници“ или ексцентричен како ноќно светло за тоалет.

1. Ноќно светло за тоалет

Со IllumiBowl 2.0 никогаш нема да го утнете тоалетот, дури и во најголемата темница. Малиот уред кој се активира со движење може да се прилагоди на кој било тип на ВЦ школка и ќе се вклучи штом ќе влезете. Цената на IllumiBowl тоалетната светлина е само 10 долари, но фондот за развој на концептот собрал вкупно 226.000 долари.

2. 100 балони со вода за помалку од 1 минута

Еден од најуспешните проекти на Kickstarter собра 929.160 долари за да ја оживее оваа идеја. Наполнете и врзете стотици балони за вода во неколку минути со Bunch O Balloons.

3. Салата од компири

Зек Браун почнал да собира пари за неговиот проект Салата од компири, тој собрал повеќе од 55.000 долари од речиси 7.000 луѓе.

4. Тастатурата на приврзок за клучеви

MaKey MaKey GO уредот изгледа речиси како УСБ стик, но го претвора секој објект што може да се спроведе електрична енергија во пренослива тастатура!Идејата ги заинтригирала луѓето, а креаторот привлече скоро 200.000 долари за да го оживее MaKey MaKey GO.

5. Автоматска четка за заби

Amabrush е иновативна алатка која автоматски ги чисти забите за само 10 секунди. Вкупниот износ на сите инвестиции во овој проект достигна 3.200.000 € за помалку од еден месец.

6. „Лижете ја Вашата мачка“ четка

LICKI Brush е создаден за да го имитира лижењето додека се играте со мачката. Овој производ 52.000 долари за неговото создавање.

7. Свеќа со скелет на мачка

Исландскиот дизајнер Торун Арнадотир смислил креативна идеја за свеќа. Додека гори свеќата во форма на мачка открива морбиден скелет на мачка. Сега колекцијата на дизајнерот содржи многу други свеќи во облик на животни. Но, Киса беше нејзиниот најголем хит, а Торун собра речиси 102.000 долари за да ги произведе свеќите.

8. Гриз палто

За ова палто со кое ќе изгледате како гризли мечка биле собратни повеќе од 29.000 долари.

9. Честитката која никогаш не престанува да свири

Оваа честитка изгледа сосема обично, но таа никогаш не престанува да свири откако ќе ја отворите, без разлика дали ќе ја затворите или ќе ја фрлите во вода, таа ќе прави мелодични звуци повеќе од 3 часа. Креаторот успеал да добие 92.000 долари за да ја произведе.

10. Најдобриот календар со мачки во светот

Во 2014 година, Кејт Фанк и Бренан Гро одлучиле да го создадат најдобриот календар со мачки. Успеале да добијат донации вредни повеќе од 25.000 долари, иако планирале да започнат со само 3.500 долари.

11. Пита во Пи форма

Пита во облик на Пи отсекогаш бил сон на Гарет Хит, бидејќи студирал геометрија во средно училиште. Вљубениците во пита помогнале да се соберат 17.500 долари и да се оствари неговиот училишен сон.

Сподели на Facebook
пати видено