Младо момче од Кина ни покажува на сите што значи безусловната љубов. 11-годишниот Јан Јиханг минатата година ја донираше својата коскена срцевина за да го спаси својот критично болен брат на кој му беше дијагностицирана ретка крвна болест.

И, за да плати за постојан третман за својот помлад брат, силното добродушно дете сега станува секој ден во 5 часот наутро за да продава зеленчук на пазарот без разлика дали има сонце или дожд.

„Сакам да го спасам брат ми. Сакам да одам на училиште заедно со него. Овие зеленчуци ги одгледува моето семејство и сакам да заработам пари со продажба на нив.“, вели Јан. Кога го прашале зошто не побара донации од луѓето момчето одговорило: „Сакам да заработам пари со мој труд.“

Јан е ученик во петто одделение, но за неговото семејство во рурална Кина, слабото момче стана нивен столб со својата храброст, истрајност и зрелост. Момчето кој живее во малото село Шитаи во провинцијата Хенан, уште од рана возраст знаело дека треба да работи напорно за да ја смени судбината на своето семејство.

Неговиот помлад брат, седумгодишниот Јан Це, во 2015 година бил дијагностициран со ретка крвна болест и му бил потребен третман за да му се спаси животот. Тешката состојба на неговиот брат значела дека мајка му морала да го однесе во поголем град за лекување, а татко му морал да замине во друг град за да заработи за лекувањето.

Неговите баба и дедо и двајцата земјоделци, во изминатите четири години позајмиле повеќе од 700.000 јуани (80.000 евра) од своите пријатели и роднини за да го спасат внукот.

Таткото на Јан не можел да ја донира својата коскена срцевина, но затоа 11-годишното момче веднаш се пријавило и откако сфатиле дека тој одговара како донатор му кажало на својот татко: „Кој дуг ќе го спаси ако не јас?“

Претходно неговата 66-годишна баба ги продавала зеленчуците, но откако доживеала шлог работите се смениле.

Мајката и таткото на момчето не знаеле дека тој секој ден пред училиште продава зеленчук и се изненадиле кога момчето им однело купче пари.

Сподели на Facebook
пати видено