Џулија „Ураган“ Хокинс го освои првото место и двата медала од 50 метри и 100 метри во женска 100+ трка на Сениорските игри во 2019 година во Ново Мексико.

Докажувајќи дека возраста е само број најискусниот тркач сега е најстариот женски натпреварувач во САД, според непрофитабилната организација која ги води игрите.

Џулија која има четири деца, три внуци и три правнуци, изјавила: „Воодушевена сум што успеав да се пласирам толку добро, но не го направив толку добро како порано. Не знам дали е затоа што сум постара или беше до атмосферата.“

Инспиративната баба не тргнала да трча додека не наполнила 100 години, кога вели дека велосипедизмот на планински терени ѝ станал премногу предизвикувачки.

Таа на овие трки не успеала да си ги сруши сопствените рекорди кои ги поставила минатата година. За оние како нас кои не можат да се наканат да излезат да џогираат Џулија има совет:

„Сфатете дека ќе можете да го правите тоа и на оваа возраст. Мене ми дава занимација. Продолжувам да се движам. Не правам одредени вежби. Порано правев, но сега мислам дека не мора. Отсекогаш сум била внимателна да се хранам здраво и да ја одржувам мојата тежина до одредена точка.“

Џулија вели дека секој ден го прифаќа како што доаѓа, бидејќи на нејзина возраст „секој ден е чудо“. Сепак таа не планира наредна трка, но додава: „Никогаш не се знае.“

Сподели на Facebook
пати видено