Разликата меѓу неблагодарните деца и жртвите на токсичното воспитување е поддржана од специјалисти.

На пример, психолог Сет Мејерс и професорот Престон Ни во своите статии зборуваат за однесувањето на родителите што ги расипува животите на децата.

1. Плаши се од мене- сакај ме

Токсичните родители честопати даваат емотивни напади во неочекуван облик – грижа, строгост, борба против каприците. Во таквите семејства, децата, по звукот на клучевите и чекорите препознаваат во какво расположение се враќа родителот дома. Нивните животи минуваат низ сеансите на перење на мозокот.

2. Разбирање на проблемите на возрасните – да остане немоќно бебе

Во токсичните семејства, родителите ја делат одговорноста со детето за своите одлуки. На пример, детето верува дека поради неговото лошо однесување, таткото мора да ги смири нервите со силна „мешавина“. Подоцна, детето се претвора во неволен соучесник на драмите на возрасните. Тинејџерот ги слуша поплаките на родителите, ги трпи непотребните детали. Тој треба да се прилагоди на „тешката ситуација во семејството“, да помогне, да биде утеха. За жал, збирот на задачи не го вклучува правото на нивно мислење.

3. Биди најдобра од сите- сети се дека си нула без магично стапче

Родителите-нарциси од детето очекуваат само најдобри резултати. Сепак, победите се земаат здраво за готово. Кога, тоа постигне успех, во ред е, а кога не постигне го понужуваат детето. Детето расте со чувство дека родителите не го сакаат.

4. Отвори го твоето срце пред мене – немој да бидеш изненаден од ножот во грбот

Токсичните родители буквално ги притискаат признанијата на било кој начин. Најчесто предизвикуваат синот / ќерката да се чувствува виновни. Подоцна извлечените информации се користат против соговорникот.

5. Имаш недостатоци- немој ни да помислиш да станеш подобар/ра

Колку е пониска самодовербата на детето, толку е полесно да го натераат да „игра како што свири“ родителот. Токсичните родители ентузијастички ќе разговараат за грешките и недостатоците на син / ќерка. Најчесто, акцентот се префрла на надворешноста, бидејќи тоа е лесно достапна точка на болка.

6. Развивај се – избриши ги твоите планови за иднината

Од детето се бара отчет за успехот. Во исто време, начините за постигнување на целите се игнорираат. токсичните родители секогаш го ставаат својот живот на прво место. Што е подобро – да ја изгубите контролата над детето, а да добиете повеќе бенефиции за семејството или обратно? Најверојатно, тие нема да се откажат од контролата.

7. Следи ги моите упатства- ако резултатите се лоши обвинувај се себе

Со детето, родител-нарцисот се однесува како кон слуга. Активно вклучен во планирањето на животот на детето, реагира негативно на приговорите. Последиците од задушувачката контрола не се земаат во предвид. Ако нешто тргне наопаку, виновникот е „извршителот“.

8. Излегувај!- не ме оставај

Во нормалните семејства, адекватно се гледа желбата на возрасно дете да се одвои од родителите. За токсичните родители, одвојувањето на децата е како лансирање на ракета: ваков настан е реален, но тоа се случува ретко, некаде далеку, но не овде.

9. Прими помош- престани да ме „молзеш“

Родителите нудат некаква услуга, без која се може. На детето иако не му е потребна ја прифаќа, затоа што тие го приморале на тоа, а потоа до крајот на животот му укажуваат како тие му „помогнале“ и како се чувствуваат искористени.

10. Верувај ми- секогаш биди внимателен/на

Приватност? Личен простор? со токсичните родители тоа не постои. Ограничување на пристапот до лична територија е морално тешко: родителите ве обвинуваат за недоверба. По секоја ревизија, треба да се оправдате. На пример, што прави валкана кригла на масата? Зошто потрошивте пари на тоа ѓубре? ..

Сподели на Facebook
пати видено