Познатите компании за чипс, за газирани пијалаци и произведители на слатки постојано се обидуваат да нѐ изненадат со нови вкусови и тие често ги базираат своите нови пронајдоци врз преференциите за храна на луѓето што живеат во различни земји.

Понекогаш овие вкусови можат да бидат толку необични, што за нашиот вкус дури делуваат бизарни.

10. Орео-риба во Шведска

Овие колачиња секако немаат вкус на риба, туку на вино и цреша, но се во форма на риба. Луѓето од Шведска навистина ги сакаат.

9. Бело Пепси

Пепси со бела боја се продавало во Јапонија. Го има истиот вкус како и обичното Пепси со малку цитрус.

8. Чипс Lay’s со вкус на лимон

Оваа компанија често експериментира со своите производи. Еден од најневообичаените вкусови бил чипс со лимон. Тие се толку кисели што се скоро идентични со вкусот на лимон. Чипсот може да се купи во САД и некои други држави.

7. Кит Кет со вкус на зелен чај

Кит Кет чоколадите се навистина популарни во Јапонија, особено кај учениците за време на испитите: името звучи слично на јапонскиот израз “kitto katsu” (што значи “победи без оглед на сѐ”). Всушност, има многу чудни и невообичаени вкусови во Јапонија, вклучувајќи чоколада со саке, васаби, црвен грав и други вкусови. Се разбира, не секој ќе сака чоколадо со вкус на зелен чај.

6. Спрајт со вкус на краставица

Оваа ограничена серија на популарниот пијалак беше создадена главно за Русија, и доби многу внимание: пијалокот имаше вкус и мирисаше како свежа краставица!

5. Чипс Pringles со вкус на сол и оцет

Според некои луѓе чипсот е екстремно кисел, но некои луѓе го сакаат. Можете да ги купите овие чипсови во САД и во некои европски земји.

4. Фанта со вкус на боровинка

Првично, овој вкус е дизајниран за локалниот пазар, посебно во Романија. Идејата за Shokata е да биде уникатен локален традиционален пијалок и тоа беше инспирација за вкусот за романскиот пазар. Вкусот беше таков хит што компанијата почна да го продава во Србија, Хрватска, Полска, Финска, Данска, Латвија и Литванија.

3. Тик Так со вкус на пуканки

Производителите на Tic Tac исто така сакаат да ги изненадат своите клиенти со нови вкусови. На пример, многу луѓе навистина сакаат Tic Tac со вкус на цимет. Сега, во некои европски супермаркети, можете да купите Tic Tac со вкус на пуканки. За жал, многу луѓе се согласуваат дека ова е неуспешен експеримент и вкусот не е многу добар.

2. Сок со вкус на сланина

Очигледно е дека овој газиран пијалок доаѓа од САД. Но, и покрај фактот што не секој го сака овој вкус, неколку компании го произведуваат. Луѓето кои го пробале овој пијалок тврдат дека вкусот е навистина чуден.

1. Cheetos со вкус на Mountain Dew

Овој производ е соработка помеѓу 2 компании: Mountain Dew и Cheetos. Можете да ги најдете во Јапонија, земја позната по чудни вкусови.

Сподели на Facebook
пати видено