Некои луѓе сакаат кучиња, други мачки и некој повеќе сакаат егзотични миленичиња, како змии или пајаци. Но, постојат и оние кои избираат диви и опасни животни за пријатели.

Овие пријателства ги кршат границите на вообичаеното разбирање на нештата и го открива превезот на нашата длабока поврзаност со природата.

Кевин Ричардсон и неговите пријатели: лавови, хиени, леопарди

“The Beastmaster” е зоологот Кевин Ричардсон. И тоа не е случајно. Кевин може безбедно да спие со лав, да се капе со нив во реката и да игра топка. Освен лавовите меѓу неговите диви пријатели, има и леопарди и хиени.

Марк Думас и поларната мечка Ејџи

Марк Думас, кој живее во Аботсфорд (Канада), е единствената личност на планетата која е пријател со поларна мечка. Мечката Ејџи живее со него и неговата сопруга 18 години.

Брачен пар чува дива свиња по име Паскалина

Сопружниците Гистози спасиле во шума да не умре од глад мало диво прасе. Денес Паскалина има 100 килограми.

Ирван и крокодилот Коџек

Жителите на Богор (Индонезија) Ирван купил за 1,5 долари од локалните момчиња мал крокодил, долг само 10 сантиметри. Сега тој пораснал 2,75 метри и тежи околу 200 килограми.

Шон Елис и волците

Неверојатно пријателство меѓу британскиот натуралист Шон Елис и волците беше опишано со документарни филмови Living with the Wolfman и A Man among Wolves. Меѓутоа, на почетокот од неговото формирање како професионален зоолог, водечките експерти во оваа област искрено се шегувале со него и го сметале за ексцентричен, фанатичен.

Брачниот пар Жуберт и нилскиот коњ Џесика

Во 2000 година, за време на поплавите во Лимпопо, бебе нилски коњ било исфрлено на брегот на реката веднаш до куќата на брачните другари Жуберт. Бебето не било постаро од 5 часа, и без помош таа едноставно ќе умрела. Ренџерот Тони Жуберт и неговата сопруга Ширли, кои немале свои деца, ја хранеле Џесика, а таа сега има 18 години и тежи – околу 1,5 тони.

Дамиен Аспинал и горилата Квиби

Кога Квиби и неговите браќа биле многу мали, ловокрадците ги фатиле нивните родители. Понатаму судбината им била предодредена: малите мајмунчиња требало да бидат продадени на домашната зоолошка градина, каде што ќе поминат многу години во тесни кафези или би умреле. Сопственикот на зоолошката градина Дамиен Аспинал се приврзал за Квиби и кога станал возрасен го однел и го пуштил на слобода во Африка заедно со други горила.

Сопружниците Бриџес и бизонот Дикар

Пред многу години, брачните другари Рони и Шерон Бриџис од Тексас чувале стадо бизони. Но кога Рони ослепел на едното око морале да го продадат и оставиле само еден мал бизон на кој му го дале името Дикар. Дикар станал вистински миленик и член на семејството.

Кејси Андерсон и гризли мечката Брут

Најдобар пријател за Кејси Андерсон е … гризли мечка! Кејси го зел Брут под неговото крило, кога тој сè уште бил многу мал. Резерватот каде што е роден Брут веќе бил полн со мечки, и немало простор за други. Брут требало да биде испратен во зоолошка градина, но Кејси не дозволил ова да се случи.

Семејството Шуман и нивните гепарди Ваку и Скајла

Две младенчиња на гепард се појавиле во семејството на Ким и Хајн Шуман од Јужна Африка целосно непланирани. Нивната мајка родила 4 во резерватот, но бидејќи гепатите обично можат да го осигурат опстанокот на само половина од породот, Шуман одлучиле да ги земат двата „мачиња“ дома.

Опасните мачки станале полноправни членови на семејството и се многу блиски со децата. Едногодишните гепарди биле префрлени во кафез во дворот, но децата редовно одат да си играат со нив.

Сподели на Facebook
пати видено