Скриената вистина зад симболите на најпознатата тајна организација во светот и приказната за неа од основањето до забраната.

Кои се најосновните теории за основањето и тајните на оваа организација која во 18. век господареше со Европа и се прошири во САД. Единствената цел на илуминатите била да го открива и да го прави достапно вистинското знаење кое е скриено од обичните луѓе. Тие не сакале да го освојат светот. Или барем така тврделе.

10. Организацијата била основана во Баварија во 1776

il01

Најпознатата и најмистериозна организација била основана во Баварија во 1776 година од страна на Адам Вајсхаупт, со цел да се откријат сите тајни во светот. Членовите на братството биле против сите празноверја во кои верувале луѓето во тоа време, а исто така се спротивставувале и на авторитетите.

9. Организацијата имала 5 члена, наречени перфектилибисти

il02

Првите членови на братството биле петмина, и покрај фактот дека имале моќна масонска база. Членовите решиле нивноиот тим да се нарече „Перфектибилисти“, но подоцна како подобро се наметнало името „илуминати“, кое на латински значи просветлени.

8. Тројца од членовите биле водачи

il03

Најпрвин илуминатите имале тројца водачи: Адам Вајсхаупт и покрај него еден 20-годишен доктор и еден 24-годишен професор. Последните двајца биле нарекувани со прекарот „братот Спартак“, според славнот антички јунак.

7. Организацијата се шири низ цела Европа

il04

Наскоро организацијата се прочула и се здобила со членови од цела Европа. За време на нејзиното десетгодишно официјално постоење, бројот на членови достигнал до 2000, од кои повеќето биле од повисоките општествени слоеви.

6. Повеќето од членовите биле интелектуалци

il05

Повеќето од членовите на братството биле интелектуалци од повисоките општествени слоеви. Некои од најпознатите биле принцот на Салцбург и Готфрид ван Сервиетен, велможата на кој му служеле Моцарт и Јозеф Хајдн.

5. Организацијата се растурила во 1783

Во 1783 година во Баварија бил издаден нов закон со кој се забранувало постоењето на тајни организации и братства, што довело до растурање на илуминатите. По ова, Адам Вајсхаупт ја напуштил земјата.

4. Нивниот вистински симбол бил бувот на старогрчката божица Атена

il06

Оригиналниот симбол на организацијата бил заштитникот на нивното знаење, бувот на старогрчката божица Атена, а не окото на масонската пирамида. Организацијата го избрала бувот бидејќи тој ја симболизира мудроста и има способност да гледа во темно.

3. Организацијата била обвинета за избувнувањето на Француската револуција

il07

Во 1797 и 1798 биле издадени две книги во кои се тврдело дека организацијата не е растурена и дека таа продолжила тајно да дејствува. Покрај тоа, во книгите се спомнувало дека илуминатите биле одговорни за избувнувањето на Француската револуција.

2. Во текот на 19. век гласините за нив се рашириле и низ САД

il08

Во текот на деветнаесеттиот век теориите за заговор поврзани со илуминатите станале добро познати и во САД. Додека организацијата се здобивала со сѐ повеќе членови од САД, многу религиски организации се бореле против илуминатите.

1. Во денешно време многу организации тврдат дека се продолжение на оригиналната масонска организација

il09

Постојат многу современи организации кои тврдат дека тие се новите илуминати, и успеваат да придобијат голем број нови членови.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено