Ако ги прашате луѓето што им е најважно во животот, повеќето ќе одговорат – здравјето. Но колку луѓе живеат во согласност со ова нивно верување? Еве една листа на совети од еден шаолински монах за тоа како да бидете здрави и млади.

mnk

1. Не мислете многу. Мислењето одзема енергија и може да направи да изгледате стари.

2. Не зборувајте премногу. Повеќето луѓе или зборуваат или прават. Подобро правете.

3. Кога работите, работете четириесет минути, па одморете десет минути. Ако цело време гледате во едно нешто, може да ви наштети на очите како и на внатрешните органи и мирот.

4. Кога сте среќни, треба да ја контролирате вашата среќа. Ако ја изгубите контролата, ѝ наштетувате на енергијата на вашите бели дробови.

5. Не грижете се и не гневете се премногу, бидејќи тоа им штети на вашиот црн дроб и цревата.

6. Кога јадете, не јадете премногу. Внимавајте никогаш да не сте сосема полни, бидејќи ова може да ви ја оштети жолчката. Кога се чувствувате малку гладни, тогаш и јадете малку.

7. Кога правите нешто, не брзајте премногу. Сетете се на поговорката „Забрзувајте бавно и наскоро ќе пристигнете.“

8. Ако правите само физички вежби, а никогаш не правите чигонг, така ќе ја загубите вашата внатрешна рамнотежа и ќе станете нестрпливи. Го губите јин од вашето тело. Вежбајте ја рамнотежата помеѓу јин и јанг.

9. Ако никогаш не вежбате, туку само сте мирни, медитирате, можеби некоја лесна вежба, чигонг, тогаш ова не ви дава јанг енергија, па така на крај ќе ја исцрпите сета ваша јанг енергија.

10. Шаолинскиот кунг фу ви дава сѐ. Целта на нашето тренирање е да ги урамнотежиме нашите јин и јанг. Не е важно колку часови ќе трае тоа. Се сведува на тоа да се знае што му е потребно на вашето тело и да се живее во склад со тоа.

Сподели на Facebook
пати видено