Многумина мислат дека да се има успешна кариера и да им се посвети доволно внимание на децата се две работи кои е речиси невозможно да се искомбинираат. Меѓутоа, хероите од нашата денешна тема го докажуваат спротивното. Не само што успеаја да изградат кариера од соништата, туку и направија сè за да ги одгледаат и воспитаат своите деца.

Ајде да погледнеме како го прават тоа.

10. Дру Баримор

Не само што Дру Брајмор е една од најбараните актерки во светот, но таа е совршена мајка на нејзините 2 ќерки, 5-годишната Олив и 3-годишната Френки. Актерката направила посебен календар за Олив да може да ги пресмета деновите додека нејзината сакана мајка не се врати дома. Дру мисли дека тоа ѝ помага на нејзината ќерка за полесно да ѝ поминат деновите додека ја чека да се врати. Исто така, актерката е позната по нејзините строги родителски методи за чување на нејзините деца, одвоени од нејзината работа, со што им се дава можност да изберат свој пат во животот.

9. Крис Хемсворт

Крис Хемсворт е австралиски актер кој е најпознат по улогата на Тор во филмот „Одмаздници“. И покрај неговиот динамичен распоред, актерот секогаш наоѓа слободно време за своите 3 деца – Индија Роуз и близнаците, Саша и Тристан. Дополнително, Крис веќе долго време работел со Австралиската детска фондација. Според актерот, добротворството му помага подобро да се справи со улогата родител на своите деца.

За да ги задржи односите во семејството силни, Крис препорачува другите родители да ги споделат своите интереси со своите деца. Тој на пример сака да сурфа и ја учи Индија Роуз како да го прави тоа.

8. Жизел Бундшен

Жизел Бунден е бразилска манекенка и еден од поранешните ангели на Викторијас Сикрет. Таа и нејзиниот сопруг имаат 2 многу слатки деца – 8-годишниот Бенјамин и 5-годишниот Вивијан. Жизел смета дека водењето здрав начин на живот е нешто што треба да се вгради од раното детство. Тоа е причината поради која таа и нејзината ќерка заедно вежбаат јога уште од времето кога нејзината ќерка имаше само 10 месеци.

Жизел, исто така, смета дека не постои такво нешто како „децата на другиот“ и за да се држи семејството заедно, сите мора да бидат сакани како вашите сопствени деца. Така спречила детето на нејзиниот сопруг, од неговиот прв брак, да се чувствува како странец во новото семејство на татко му. „Јас разбирам дека тој има мајка и го почитувам тоа, но само затоа што некој друг го родил, за мене не значи дека тој не е мое дете. Чувствувам дека е, 100 проценти“.

7. Двејн „Рок“ Џонсон

A post shared by therock (@therock) on

Двејн Џонсон, исто така познат како “Рок”, е американски актер и татко кој се грижи за 3 ќерки – Симон, Јасмин и Тијана Гиа. Актерот смета дека улогата на таткото е една од најдобрите улоги што ги имал во животот. Тој е подготвен да се бори против стравот на своите деца, а пример за тоа е начинот на кој тој го стори тоа со својата средна ќерка, кога таа беше исплашена да фотографира со Дедо Мраз. Тој облече костим на нејзиниот омилен лик Пикачу и ѝ покажа дека нема ништо страшно во тоа некој да носи костим, како Дедо Мраз на пример.

Неговата најстара ќерка веќе ја доби наградата Мис “Златен глобус” придружувајќи го својот татко на настанот во јануари оваа година. Времето поминато со својата средна ќерка го споредува со ментална терапија која следува после неговите напорни работни денови. И неговата штотуку родена, најмлада ќерка веќе ги освојува срцата на сите околу неа.

6. Ана Меклејн

Ана Меклејн е американски астронаут и сакана мајка. Не само што таа го поминува слободното време со својот 4-годишен син, туку и се обидува да го земе на работа со неа, како начин да биде поблиску до него преку споделување на нејзиниот работен свет. Ана признава дека „Најтешкиот дел од обуката за летање во Вселената е моето четиригодишно дете, кое што мора да го оставам зад себе, секој пат кога ќе излезам од вратата“.

5. Џенсен Аксел

Џенсен Аксел е американски актер и пејач, најпознат по својата улога како Дин Винчестер во „The Supernatural“. Тој е татко на Џастис Џеј и близнаците – Цепелин Брам и Ероу Родос. Тој смета дека родителот треба да биде целосно посветен на своите деца и потврдува дека “работата на таткото е бесконечна”. Способноста да се забавувате со вашите деца и да им дозволите да ве претворат во принцеза – тоа е главниот рецепт за среќа.

4. Кралицата на Јордан

Кралицата Ранија Ал-Абдула е една од најубавите и најсилните кралици во целиот свет. Кралицата на Јордан е активно вклучена во добротворни активности и има дури 4 деца. Според Ранија, пријателството меѓу децата и нивните родители е една од главните компоненти на секое силно семејство.

Со овој тип на односи децата секогаш знаат дека се сакани и тие имаат основа за поддршка на нивните родители. „Тие знаат дека можат да дојдат кај мене секој пат кога ќе имаат какви било прашања или проблеми. Јас многу внимавам оваа врска да не биде прекината. Моите деца ми се главен приоритет и мојот дом е моето светилиште “.

3. Крис Прат

Крис Прат, ѕвездата на чуварите на Галаксијата, го сака риболовот со неговиот син Џек. Актерот сака неговите деца да бидат независни од многу млада возраст. Овој пристап кон воспитување и позитивен пример, што го покажува Крис, води до фактот дека неговиот син сака да биде како него. Причината зошто Џек вели дека секогаш јаде сѝ што ќе му стават во чинијата е за да биде висок колку неговиот татко.

2. Бијонсе

Популарната американска пејачка Бијонсе ја обожува нејзината ќерка Блу Ави и нејзините близнаци Руми и Сер. На крајот од минатата година, таа и нејзиниот сопруг Џеј-Зи и нивната најстара ќерка направија семејно видео. Главната порака беше дека „личноста која не се грижи за своето семејство, не може да биде богата“. Овој нивен однос ги воспитува децата да го почитуваат семејството, кое е поважно од сите пари на светот.

1. Кристијано Роналдо

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е татко на 4 деца – Кристијано Џуниор, Алана, и близначките Ева и Матео. Сите го обожаваат својот славен татко. Тројца од нив се родени со помош на сурогат мајка, но овој факт го прави уште повеќе да ги сака своите деца.

Неговиот најстар син е идентичен со тато Кристијано. Тој му помага на татко му, активно учествува во неговата работа, му помага околу изборот на облека и го поддржува татко му на теренот. Кристијано ги воведува своите деца во спортот уште од најраното детство затоа што смета дека тоа е „најдобриот начин да стане #1 за нив“.

Сподели на Facebook
пати видено