Новинарите денес нема најголема репутација. Доколку му покажете на светот едно големо дело на истражувачкото новинарство, тој ќе ви возврати со десетина други кои спаѓаат под категоријата „лажни вести“. Сепак, тоа не било секогаш така. Не толку одамна, бестрашните новинари ја зборувале вистината за да надвладеат, ги ризикувале своите животи и репутација за да го сменат начинот на кој се води светот.

10. Вилијам Хауард Расел ги носи дома ужасите на војната

Расел бил првиот посветен воен репортер во историјата, кој бил испратен од Тајмс да ја покрие Кримската војна, во 1853 година. Но Расел почнал да пишува во неговите извештаи за ужасните услови во кои луѓето умирале и како Британците не се грижеле за повредените војници. Ова не им се допаднало на Британците, но бидејќи Расел допрел до јавноста тие биле приморани да обезбедат подобра нега.

9. „Њујорк тајмс“ го разоткрил шефот Твид

Во 1871 година Њујорк тајмс успеал да дојде до „плановите за трошење на парите на јавноста“ на корумпираниот сенатор Твид, кој украл од 1-4 милијарди долари. Иако на новинарот Џорџ Џоунс му биле понудени 100 милиони долари за да молчи, тој ја објавил статијата а Твид бил уапсен.

8. Прикриени извештаи на Нели Блу од лудницата

Нели поминала 10 дена во Блеквел менталната институција, прикриена меѓу ментални пациенти. Таа ги разоткрила ужасните услови во инстутуцијата и како таму биле носени здрави луѓе кои биле измачувани до лудило.

7. Ида Тарбел го уништила монополот на Standard Oil

Џон Д. Рокфелер го уништил бизнисот со нафта на таткото на Ида, кога таа имала само 14 години. 30 години подоцна Ида го разоткрива монополот на Рокфелер со Standard Oil и како тој ги уништувал помалите компании за да го земе целиот пазар. Standard Oil бил затврен.

6. Телеграф го „средил“ целиот британски парламент за измама

Нападот на Телеграф во 2009 година врз британскиот естаблишмент бил навистина голем. Весникот успеал да добие целосна листа на сите трошоци што британските пратеници ги правеле од парите на даночните обврзници.

5. Сејмур Херш го разоткрил My Lai масакрот

Во 1968 година, американските војници под команда на првиот потполковник Вилијам Л. Кали влегле во селото Пинквил на мисија „барај и уништи“. Но тие таму пронашле само цивили. Војниците ги маскарирале цивилите, а преживеаните ги однеле во јама, каде што Кали наредил да се „докрајчат“. Херш го разоткрил овој масакар, а Кали завршил во затвор, но за жал бил пуштен на условно по 5 години.

4. „Сандеј Тајмс“ го разоткрил лекот кој ги остакатил децата

Талидомид бил медицинска катастрофа. Се продавал како седатив за бремени жени и има ужасно несакано дејство на деформирање на фетусот, што доведувало до раѓање на над 10.000 бебиња без одреден екстремитет. Произведувачите на Талидомид знаеле дека е штетен и потоа го повлекле од пазарот, но тоа за „Сандеј Тајмс“ не било доволно и тие успеале да добијат одредена количина на правда за оштетените семејства.

3. Дејли Мејл барал правда за Стивен Лоренс

Уредникот на Дејли Паул Дакре во 1997 објавил слика од 5 „бели“ момчиња и под нив напишал „Убијци“ со поднаслов „Ако грешиме тужете не“. Во 1993 овие момчиња го убиле тинејџерот Стивен Лоренс од расистички причини. Исто така полицајците кои работеле на случајот биле расисти и им помогнале на момчињата да ја избегнат раката на правдата. Во 2011 двајца од нив биле ставени во затвор, а дури и денес Дејли Мејл се бори останатите тројца да завршат зад решетки.

2. Весник за кој не сте слушнале ја уништил контра-приказната за Иран

Администрацијата на Реган ги прекршувала сопствените закони за продажба на оружје на Иран, а потоа ги користела средствата за финансирање на насилното Контра-герилско движење во Никарагва. Тоа го разоткрил Ал-Шира, либански неделен весник за кој никој не слушнал. Четиринаесет членови на персоналот на Реган биле обвинети, а 11 биле осудени.

1. Вотергејт

Боб Вудворд и Карл Бернштајн биле главните новинари зад најголемиот политички скандал Вотергејт. Персоналот на Никсон и оние лојални на него биле одговорни за измама во кампањата, политичка шпионажа и саботажа, нелегални провалувања, неправилни даночни пријави и посебен фонд за перење на пари за исплата на оние кои ги вршеле тајните операции. Никсон си дал оставка.

Сподели на Facebook
пати видено