Некои луѓе се измамници и ја користат религијата како начин да заработат пари. Но, постојат и луѓе кои навистина веруваат дека имаат дар од Бога и дека се негови избраници кои можат да прават чуда на овој свет. Токму таквите луѓе се најопасни, затоа што нивното фанатичко верување може да доведе до катастрофални последици.

10. „Пророк“ пресекол врат на човек и ветил дека ќе го оживее

Во 2014 година, Мухамед Сабир убедил цело мнозинство следбеници во Пакистан дека тој е Божји пророк со чудесни сили. Ги натерал да веруваат дека тој имал моќ над смртта. Неговиот следбеник Мухамед Наиз се пријавил како доброволец и Сабир му го пресекол вратот и потоа се обидел да го „оживее“. Кога не успеал и сфатил дека нема моќ почнал да бега, а лутата толпа со следбеници го фатила и го предала на полицијата.

9. Тантрик се обидел да убие човек со црна магија во живо на телевизија

Пандит Шарма верувал дека е најмоќниот тантрик во Индија. Тогаш скептикот Санал Едамаруку го предизвикал да го убие со црна магија во живо на телевизија. Шарма фрлал вода врз Санал, мавал со нож околу неговото лице, палел ливчиња со неговото име, но ништо не се случило. Шарма тврдел дека Санал се молел на некој моќен бог, но Санал му одговорил дека е атеист. Шарма тогаш останал збунет и разочаран, најверојатно што навистина верувал дека поседува моќ да убие човек со црна магија.

8. Проповедник мислел дека е имун на отров од змија

Проповедник од Кентаки Џејми Коутс верувал дека Бог му дал божествена заштита од змии. Тоа било големото финале на неговите настапи. Еднаш една жена била гризната од змија но тој инсистирал да не ја носат во болница и жената починала. Џејми тврдел дека нејзината верба во Бога не била толку голема. Иако тој преживеал околу 9 гризнувања во 2014 година, Џејми починал од отров од змија затоа што не сакал лекарите да му помогнат и верувал дека помошта ќе пристигне од Господ.

7. Пастор убил жена со звучник

Во 2016 година, самопрогласениот пророк во Јужна Африка им рекол на своите следбеници дека, ако Исус може да оди на вода, и тие, исто така, можат да сторат сѐ со вера. Тој и наредил на една млада жена да легне и врз неа ставил тежок звучник, а потоа и самиот тој се качил на звучникот и се фалел пред луѓето дека жената воопшто не се жали. Кога го тргнале звучникот жената била мртва, а тој пред полицијата се правдал дека не е виновен затоа што верата на жената не била доволна.

6. Проповедник кој верувал дека Господ ќе му ги плати даноците

Вилијам Милер и неговиот култ во 1844 година верувале дека крајот на светот ќе дојде на 22-ри октомври. Но кога не се случило тоа неговиот следбеник Петар Армстронг не се откажал од тоа. Тој сметал дека треба да му обезбеди земјиште на Господ и Исус за да се вселат и купил големо земјиште во Пенсилванија, тој дури и го препишал земјиштето на Господ. Но кога дошле службениците да наплатат данок Армстронг не можел да ги убеди дека Господ не плаќа данок. Така тие му го одземале земјиштето.

5. Пророк кој сакал да се тепа со лавовите

Алек Ниване од Јужна Африка тврдел дека Бог му ја дал силата на Самсон и во 2016 година во националниот парк Кругер се приближил на група лавови за да убие еден со голи раце. Кога го забележале групата лавови се стрчала кон Алек и кога сфатил што сторил почнал да бега кон неговиот автомобил. но, лавовите биле побрзи и го нападнале. Тој најверојатно би бил мртов да не го спасил еден ренџер во паркот кој испукал неколку куршуми во воздух. Ниване завршил во болница со сериозни повреди.

4. Епископот кој платил човек да глуми мртов

Нигерискиот епископ Емануел Есезобор, според тврдењата, случајно уби еден маж во 2016 година, обидувајќи се да направи чудо. Тој му платил на човекот да глуми мртовец во ковчег и кога тој ќе ја каже молитвата човекот да стане. Но, во ковчегот немало воздух и човекот се загушил. Кога дошол моментот епископот да го „оживее“ човекот, тој навистина бил мртов.

3. Свештеник верувал дека ќе воскресне

Ганешуоги Махараџ од Индија верувал дека е помоќен од смртта. Тој пиел отров и останувал жив и така собрал повеќе следбеници. Во 2014 изјавил дека ќе го направи најголемото чудо. Тој испил 200 милилитри инсектицид и им рекол на следбениците дека за 3 дена ќе воскресне. Нормално тој починал на лице место, а по три дена ништо не се случило. Неговото тело почнало да скапува а приврзаниците не дозволувале да биде закопан. Дури кога лекарите донеле опрема за да им покажат дека Махараџ е навистина мртов тие дозволиле да биде закопан.

2. Пророкот кој се закопал жив

Во 2015 година пророкот Шамисо Канјама од Зимбабве верувал дека домот на еден од неговите следбеници е проколнат. Тој сметал дека едниствениот начин да им помогне е да почине и да се справи со лошите духови од „другата страна“. Затоа наредил на неколку негови следбеници да го закопаат жив во дворот на куќата. Еден од соседите се обидел да ги спречи но Шамисо велел дека му ги вознемирува ангелите и по одередено време човекот се откажал. Откако по неколку дена го откопале пророкот сфатиле дека е мртов.

1. Исцелителот кој се преправал дека може да излечи детска парализа

Џек Кои тврдел дека е верски исцелител и дека може да ги лекува луѓето се додека за малку не убил 3-годишно момче во 1955 година. Тој пред публика му го отстранил протезите на момчето со детска парализа и му велел да продолжи да оди. Но, ова само ја влошило ситуацијата на момчето. Иако бил тужен тужбата била одбиена затоа што не постоел закон за исцелители. Но, по некое време Џек самиот се заразил со полиовисрусот и неколку недели подоцна починал од болеста за која се преправал дека може да ја излечи. Можеби чуда навистина се случуваат!

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено