Блискиот исток е родно место на трите најголеми Аврамски религии во светот (Христијанството, Исламот и Јудаизмот), и е место на бројни религиозни војни, како што се бруталните Крстоносни војни. Но, освен нив постојат и повеќе уникатни религии, кои се во изумирање и за кои слушнале мал број на луѓе.

10. Самарјанизам

Останале само околу 1.000 Самарјани кои живеат на планината Геризим во проблематичниот палестински Западен Брег. според ниваната религија е забранет брак со личност од друга религија и поради генетска болест нивната популација драстично опаднала. Некогаш имало 3 милиони Самарјани. Потекнувајќи од Евреите, Самарјаните зборуваат древен хебрејски и одат во синагога. Нивната света книга се нарекува Самарјанска Тора, но тие веруваат дека модерниот Јудаизам не е вистинска религија.

9. Јарсанизам

Оваа религија, која е основана во Иран во 14 век, верува во реинкарнација и сѐ уште ги чува своите тајни ритуали и церемонии. Познати како „Луѓе на вистината“, Јарсаните го сметаат Сонцето и оганот како свети нешта и бараат единство и чистота во животот. Според нивните верски текстови мажите мора да носат мустаќи.

8. Бахаи

Основана е во 19 век во Иран, од страна на религиозен затвореник кој верувал дека е пророк. Тој се прогласил за Бахаулах (што значи „Слава му на Бога“) а со тоа, започнала една од најновите религии во Блискиот Исток. Заедницата Бахаи смета дека Кришна, Мојсеј, Мухамед, Исус и Аврам биле сите гласници на Бога, но тврдат дека најновиот од овие гласници е (изненадувачки) основачот на нивната религија, Бахаулах. Светскиот мир, велат Бахаи, ќе се постигне само кога луѓето од светот ќе се обединат под една универзална вера.

7. Зороастризам

Религијата настанала во источните делови на Персија, пред повеќе од 1000 година п.н.е. Религијата е унифицирана од филозофот Зороастер, кој ја упростил идејата на раното иранско многубожество. Оваа вера има околу 140.000 следбеници. Повеќето од нив живеат во Иран и Индија. Зороастриската етика се состои од добри мисли, добри зборови и добри дела. Луѓето по својата смрт го преминуваат мостот што води во пеколот. Ако верниците во текот на својот живот биле лоши, мостот ќе се сруши и тие ќе пропаднат во пеколот. Наспроти нив, праведниците ќе го пронајдат патот до Светлоста.

6. Али-Илахизам

Мистериозна религија од Блискиот Исток и малку позната низ целиот свет, Али-Илахизмот верува дека Бог е инкарниран на Земјата низ историјата и дека Али – зетот на пророкот Мухамед е една од тие инкарнации.

5. Друзи

Со потекло од Египет, но сега расфрлани во мали заедници во Израел, Јордан, Либан и Сирија, Друзите се секта која верува во реинкарнација, односно дека ќе се препородат по смртта. Тие исто така се многу филозофски настроени, обожавајќи ги филозофите како Аристотел и Платон, заедно со многу познати верски „ѕвезди“ како Исус и Мухамед.

4. Јазиди

Мирната религиозна заедница на Језидите верува во еден Бог, кој му го доверил светот на седум ангели – чиј лидер е Ангел Паун, наречен Мелек Таус. Во изминатите неколку години екстремистите на ИСИС безмилосно ја нападнаа етно-верската група.

3. Мандеанизам

Потекнувајќи од третиот век, Мандеизмот е таинствена и приватна религија родена надвор од мочуриштата на она што е сега јужен Ирак. Следбениците го почитуваат Јован Крстител, како и други добро познати библиски личности како Адам, Авел и Ное. тие се побожни пацифисти и имаат верување дека единствено на Бог му е дозволено да одземе нечиј живот.

2. Гностицизам

Потеклото на оваа тајна вера сѐ уште е мистерија, но некои сметаат дека потекнува од Александрија, Египет, и можеби му претходела на христијанството. Гностиците веруваа дека светот не е создаден од Бога, туку од злобниот ентитет наречен Демиург. Во Гностицизмот, Бог е познат како Монада, или „Вистинскиот“, и постои верување дека материјалниот свет е злобен и дека единствениот начин за спасение е преку откривање на „тајните“ на универзумот.

1. Шабакизам

Вистинска мешавина на религии, Шабакистите се луѓе кои живеат во северен Ирак и чии верувања и општество се инспирирани од верите и културите што ги опкружуваат. Нивната света книга е напишана на јазикот на Туркмените, пијат вино и практикуваат исповед како Христијани, и одат на аџилак како Муслиманите.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено