Следниве 10 дестинации се местата на кои многу луѓе се решаваат да започнат нов живот, затоа што трошоците за живот се минимални а условите рајски. Овие дестинации се особено интересни за луѓето што заработуваат преку интернет и работата не им е врзана за одредена локација.

1. Аваруа, Куковите Острови

Формално, овие острови се дел од Нов Зеланд, но тие се наоѓаат на 2008 км североисточно од архипелагот. Локалните тропски плажи не се инфериорни во однос на Малдивите и Сејшелите, со таа разлика што куќа тука може да се изнајми за 7.000 денари месечно.

01c

Локалното население – полинезиските абориџини се многу гостопримливи. Годишно тука доаѓаат не повеќе од 100 илјади странци. За споредба: Хаваи привлекуваат околу 8 милиони посетители годишно.

01a

Што можете да правите таму? Да ги гледате китовите, да пешачите, да се насладувате на неверојатните пејзажи, да јадете здрава храна и да живеете здрав живот.

01b

Значи во што е финтата? Странците не можат да купат имот на островот. Но, имот може да се изнајми за 60 години. За да се добие државјанство треба да живеете таму неколку години и да добиете посебна дозвола од властите.

2. Чески-Крумлов, Чешка Република

Овој прекрасен град се наоѓа во Чешката провинција Бохемија. Целиот град е како еден огромен средновековен замок. Градот редовно е домаќин на саеми во стилот на ренесансата, како и на уникатниот фестивал на розите. Комплетен ручек за двајца со предјадење и десерт овде чини 1000 денари, а трошоците за живеење се околу 20.000 денари месечно. Исто така тука е и реката Влтава – идеално место за љубителите на рафтинг. Единствено што треба за нормален живот е да поднаучите малку Чешки.

02

3. Ко-Тон Саи, Камбоџа

Ко-Тон Саи е мал остров во јужниот дел на Камбоџа. Тоа е рај од џунгли и плажи. Речиси никој не живее таму, освен неколку рибарски семејства. Така, можете да си најдете соодветен бунгалов за смешни пари. Таму може да се релаксирате на плажа или да ги истражувате локалните пештери во џунглата. За 250 денари локалните рибари директно пред вас ќе ви зготват вкусна вечера од ракчиња што ги фатиле во текот на денот, а било која друга морска храна можете да ја добиете за 50-100 денари.

03

Што е финтата? Плажите се претежно диви и несредени, а понекогаш ќе сретнете и глутница на кучињата скитници и други жители на шумата. Но само тука може да се чувствувате како да сте далеку од цивилизацијата.

03a

4. Гванахуато, Мексико

Директно во центарот на Мексико се наоѓа овој културно развиен град. Одличен стан тука може да се изнајми за 8-10.000 денари месечно, кригла пиво во еден бар чини помалку од 50 денари, а билет за кино чини 150 денари.

04

04a

5. Бисерните Острови, Панама

30 километри западно од копното на Панама се наоѓа неверојатен архипелаг во Тихиот Океан. Некогаш таму се ваделе многу бисери а на островите се криеле најмоќните пирати. Но сега времињата се сосема поинакви.

05

Идеална куќа на плажа може да се изнајми за 15.000 денари месечно.

05a

Патем, таму се снимени 3 сезони од серијата „Изгубени“, што кажува дека местото е едно од најживописните и највпечатливите на планетата.

05b

6. Плажите Агонда, Гоа, Индија

Јужниот дел на островот Гоа е место кадешто ќе можете да се прошетате со слон на плажата. Шише вино може да се купи за 25 денари, фризура чини 30 денари, а да си изнајмите колиба на плажа – 6.000 денари месечно. Сериозно, што друго ви треба?

06

Овој дел од Гоа е сосема пуст, а локалните жители не се расипуваат од страна на туристите, како во други делови на Индискиот брег. Агонда речиси и да нема хипици со смешни пластични очила за сонце. Исто така има голем број на храмови и места за јога.

06a

7. Големо Трново, Бугарија

Ова место се наоѓа во долината на истоимената река во северна Бугарија. Ова е најдоброто место на брегот на Црното Море. Шармантно е како да сте во Франција, но шише пиво чини само 40 денари. Во градот живеат 200 илјади луѓе.

07

Интересно е тоа што градот ги видел и подемите и падовите на многу светски империи. Тука можете да изнајмите стан за само 10.000 денари месечно. Единствениот недостаток е релативно слабо развиената инфраструктура.

07a

8. Хо Кок-Бич, Виетнам

Југоисточниот брег на Виетнам е познат по тоа што има 11 илјади хектари прашума. И ова е можеби најдоброто место во Азија за нуркање и подводни авантури, затоа што има огромен корален гребен. Исто така нема многу туристи, дури и за време на викендите.

08

Затоа, може да се најде куќа за 7-10.000 денари месечно. Треба само да го прифатите фактот дека ќе мора да живеете во близок контакт со локалното население и да ги делите плажите со нив.

08a

9. Плажата Ксамил, Албанија

Јужниот дел на Албанија е совршено место за мирен живот. Во близина има еден мал град и Националниот парк Бутринт. Клима – медитеранска, локални производи – маслиново масло и мандарини. За разлика од соседните Грција, Италија и Хрватска, местото е многу евтино: Пиво чини 50 денари, а сместувањето 5-6.000 денари месечно.

09

Ако сте љубители на морската храна, тука се продаваат 30 видови на риби, просечната цена на оброк во локал е 300 дденари, колку што чини и 1 шише вино.

09a

10. Лас-Транкас, Чиле

Овде се наоѓаат некои од најдобрите планински падини на Јужна Америка. Ако сте за скијање на Андите преку целата година, изнајмување стан ќе ве чини само 15.000 месечно. Богати туристи живеат на падините на планините, а искусните во селата во подножјето.

10

Местото има само еден проблем: таму скоро секогаш е зима. Но некој ја сака, нели?

10a

10b

Сподели на Facebook
пати видено