Понекогаш проблемите и неуспесите се акумулираат како снежни топки. Во такви моменти, се чувствуваме очајни и ни се чини дека нема смисла да се обидуваме. Овие инспиративни примери од животите на познатите личности ќе Ви покажат дека секогаш вреди да се следи сонот.

Вуди Ален

Читирикратниот добитник на Оскар, Вуди Ален бил протеран од Универзитетот во Њујорк, откако не успеал да положи неколку испити по кинематографијата. Сепак, воопшто не бил вознемирен, открил дека студирањето е досадно и сепак ја постигнал својата цел.

Урсула Бурнс

Урсула започнала да работи како практикант за компанијата Xerox веднаш по стекнувањето магистратура од Њујоршкиот универзитет. Компанијата забележала амбицијата на младата жена и ја вработиле како асистент. Сепак, на возраст од 32 години, таа сè уште работела на истото работно место. Нејзината трудољубивост била наградена 10 години подоцна. Прив таа станала потпретседател за глобално производство, а сега таа работи како претседател на компанијата.

Габриел Хесус

Во 2014 година познатиот фудбалер и напаѓач на Манчестер Сити, Габриел Хесус, ги фарбал улиците за време на Светското првенство, за да заработи за живот. Потоа го гледал својот омилен тим на телевизија и имал за цел да игра за својата земја еден ден. И тој го направил тоа! Сега Габриел заработува 80.000 долари неделно и е многу ветувачки играч.

Харланд Сандерс

Првиот ресторан на полковникот Сандерс не можел да ја издржи конкуренцијата и банкротирал. На 65-годишна возраст, Харланд почнал да патува низ САД и да нуди вкусни пилешки крилца на компаниите. Тој бил одбиен точно 1008 пати. Сепак, тој не се откажал и продолжи да верува во уникатниот рецепт на пилешкото, благодарение на што KFC ланецот на крајот станал познат.

Илон Маск

Канадско-американскиот милијардер речиси го банкротирал PayPal. Како резултат на тоа, тој бил отпуштен од одборот на директори додека бил во авион на пат за годишен одмор. 16 години подоцна, тој успеал да го купи доменот X.com, кој му припаѓал порано и станал основа за создавање на PayPal, за 5 милиони долари. Неговиот пример покажува дека се случуваат неуспеси, за да можеме да постигнеме повеќе.

Ана Винтур

Откако работела малку повеќе од половина година, Ана Винтур била отпуштена од функцијата колумнист на Harper’s Bazaar поради несогласувања со уредникот. Главната уредничка на Vogue верува дека овој настан ја охрабрил да постигне повеќе.

Хауард Шулц

Хауард дал отказ од Старбакс, кој во тоа време продавал кафе во зрна. Тој дал откза затоа што менаџменот не ја поддржал неговата идеја да се развие ланец од кафулиња. Хауард сонувал да создаде нешто посебно, комбинирајќи квалитетно кафе и пријатна атмосфера за да ги натера луѓето да ја посетат продавницата повторно. 2 години подоцна, Шулц го купил Старбакс, го популаризирал брендот во САД и го направил брендот познат во целиот свет.

Стен Смит

На почетокот на неговата кариера, Стенли Роџер Смит, професионален тенисер, добил одбивање од организаторите на Дејвис купот: бидејќи тој бил неорганизиран и расеан, не му било дозволено да биде момчето кое ги враќа топките на играчите. Сепак, Стен верувал дека тенисот бил неговиот повик. Продолжил да се движи кон својата цел и на крајот станал осумкратен носител на Купот во тимот на САД, докажувајќи дека бил потценет.

Ник Вудман

Откако дипломирал на универзитет, Ник го основал Funbug: гејминг платформа, која, и покрај големиот успех, наскоро банкротирала. За да се опорави од неуспехот Ник заминал со пријателите на сурфање во Австралија. Гледајќи ги професионалните сурфери, тој дошол до идеја за создавање на практична и мала камера – GoPro – што го направила милијардер.

Соичиро Хонда

Хонда пораснал во многу сиромашно семејство и тој морал да му помоага на својот татко од детството. Тој не продолжил со образованието продолжувајќи да работи како едноставен механичар. Поставувал стари мотори на велосипеди и сонувал да прави сопствени мотоцикли од скапи материјали, со хромирани тркала и кожни седишта. Соништата се остваруваат ако постојано чекорите кон своите цели. По некое време, Соичиро успеал да ја основа Хонда, која во денешно време ги произведува едни од најдобрите мотори во светот.

Сподели на Facebook
пати видено