Науката постојано се развива. Работите што некогаш изгледаа целосно нереални пред 20 години во медицината и технологијата сега се дел од секојдневниот живот. Сепак, сè уште има некои прашања на кои науката не може да даде никакви одговори.

На пример, како се појавил животот, што се случувало пред Големата експлозија, како да ги објасниме духовите, и како да научиме компјутер за да разбере 100% од човечкиот говор.

1. Како започна животот на Земјата?

Постојат многу теории кои се обидуваат да одговорат на ова прашање, но дури и луѓето кои го имаат истиот концепт за почетокот на животот не можат секогаш да се согласат.

2. Како функционира плацебо ефектот?

Плацебо е нешто што нема очигледни терапевтски ефекти (како на пример, вода). Феноменот кога луѓето почнуваат да се чувствуваат подобро откако земале плацебо-лек, се нарекува плацебо-ефект.

Постојат неколку теории за тоа како функционира. Некои луѓе веруваат дека човечката свест прави нешто, така што телото се лечи, бидејќи пациентот верува дека третманот ќе помогне. Други сметаат дека дури и разговор со лекар е доволно да се чувствуване подобро. Други велат дека плацебото нема никакво влијание. Во секој случај, плацебо ефектот е прашање на кое немаме одговор.

3. Како компјутерите разбираат што велат луѓето?

Нашиот јазик е комплексна структура која зависи од многу различни фактори. Кога станува збор за вештачка интелигенција, толкувањето е многу важно. На пример, фразата „треба да ја пробаш оваа супа“ луѓето ја сфаќаат како сугестија, предлог, но компјутерот ќе ја сфати како наредба. Ова значи дека во моментот е невозможно компјутерот 100% да го разбере човечкиот јазик.

4. Научните теории се демантираат со текот на времето, и дали е возможно во моментов да не знаеме ништо?

Секое научно знаење е секогаш во нацрт фаза. Но, тоа не значи дека воопшто не знаеме ништо. Тоа значи дека ние сме во процес на учење на работите и некои навидум вистинити теории може да се побијат. Ова е нормално бидејќи ние не се враќаме назад туку учиме нешто ново.

5. Нели е очигледно?

Нешто може да ви изгледа очигледно кога знаете за тоа. Но, запрашајте се дали било очигледно пред да дознаете за тоа. Овој феномен е вид на ретроспективна предрасуда. Еве како функционира: во моментот кога некој ни објаснува нешто, сфаќаме дека е логично и инстинктивно чувствуваме дека е вистина. Затоа имаме чувство дека нешто е очигледно и дека не може да биде поинаку.

6. Дали постојат човечки феромони?

Може ли лице да го почувствува стравот, лошата волја или лицето од спротивниот пол на долги патеки? Не. Од друга страна, многу луѓе можат да ги препознаат своите роднини и пријатели само со мирис. Покрај одредени хемиски сигнали, на пример, природниот мирис на телото или здивот може да предизвика одредена реакција кај некоја личност. Но, дури и ако постојат човечки феромони, сè уште не е јасно како нашето тело го дешифрира хемискиот сигнал.

7. Животните мигрираат; знаеме зошто, но како функционира тоа?

Животните можат да патуваат илјадници километри во текот на годината бегајќи од екстремни температури, во потрага по храна или во потрага по партнер. И различни видови користат различни навигациски методи, како на пример, магнетното поле на Земјата. Но, механизмите за миграција не биле проучени толку опширно.

8. Многу луѓе тврдат дека виделе духови, но како можеме да го објасниме ова?

Важно е да се разбере дека сите духовни практики имаат научно објаснување поврзано со физиолошки процеси. На пример, искуствата надвор од телото може да бидат предизвикани од нарушување на процесите во темпоропариеталната област. Парализата на сонот е уште еден феномен што лесно се објаснува од науката.

Значи, кога ќе му кажете на експерт за вашето искуство дека сте видеке дух, треба да им кажете за тоа како се чувствувавте во тој период.

9. Дали другите луѓе го гледаат светот токму онака како што го гледаме ние?

Никој не го знае одговорот на ова. Дури и да не зборуваме за далтонистите, не можете да бидете сигурни дека небото е сино за сите што живеат на оваа планета.

10. Што се случувало пред Големата Експлозија?

Единствениот одговор науката во моментов е ништо, бидејќи немало „нешто“ пред експлозијата. Немало време и простор. Најслабиот дел од оваа теорија е дека сугерира дека нешто се родило од ништо.

Сподели на Facebook
пати видено