Денес науката е прилично напредна, но таа уште не може да одговори на едни од најважните прашања за човекот. Прашањата кои што звучат едноставно всушност се најтешките за одговарање и иако постојат многу теории и шпекулации овие прашања се мистерија за современиот човек.

10. Зошто сонуваме?

Научниците и експертите можат да одредат кога луѓето сонуваат. Најчесто луѓето сонуваат за време на РЕМ фазата. Тоа може и да се забележи кај луѓето и животните, кога нивните очи почнуваат да се движат, како и нивните тела. Но научниците уште не можат да откријат ЗОШТО сонуваме. Тоа може да биде начин на кој се ослободуваме од стресот, или начин на кој пробуваме ситуации кои не би можеле да ги направиме во реалниот живот. Но ова се само претпоставки.

9. Како можеме да го елиминираме ракот?

Ракот има многу форми и влијае на многу делови од телото. Туморите се прошируваат и растат, го уништуваат телото и предизвикуваат смрт. Безбројните варијабли и уникатната генетска структура на луѓето се причина научниците да се сомневаат дека некогаш ќе имаме лек за секој вид на рак. Поради големиот број на еколошки напади промени на човечкото тело секогаш може да дојде до нова смртоносна форма на рак.

8. Што се случува кога ќе умреме?

Темата на задгробниот живот – или недостатокот од него – е едно од најстарите прашања што го мачат човештвото. Научниците ги разбираат почетните фази на смртта. Сепак, она што се случува откако мозокот ќе се исклучи е вистинска мистерија.

7. Дали сме сами во универзумот?

Некои можеби мислат дека ние сме единствените интелигентни форми на живот во универзумот. Ако е така, универзумот е незамисливо осамен. Модерната наука не може да ги разјасни како настанале ниту наједноставните форми на живот и од каде се почнало. Можеби одговорот на прашањето би бил дека не сме сами, но каде се другите?

6. Од каде доаѓа свеста?

Луѓето имаат свест за своето опкружување и за себе. Нашите умови се преполни со внатрешни разговори и прашања за тоа кои сме и нашата цел во светот. Но, мозокот не е исто што и умот. Електричната активност не објаснува како физичката супстанција може да создаде нефизичка состојба како свест. Некои религии ја објаснуваат свеста како дар од Бога, вградена во нашите тела за да нè води низ овој свет.

5. Колку видови има на Земјата?

Според некои проценки, сѐ уште имаме само 1,5 милиони видови, или околу 15 проценти од вкупниот број. Тоа значи дека на повеќето организми уште не им е даден соодветен опис. Ова е особено точно за потценетите и недоволно проценетите видови, како што се габите, од кои се опишани само 10 проценти. Но затоа поголемиот дел од цицачите се евидентирани.

4. Дали реалноста е реална?

Научниците и физичарите не се сигурни дека некогаш ќе ја разбереме природата на реалноста. Колку повеќе истражуваме толку повеќе се зголемува мистеријата за универзумот. Продолжуваме да откриваме нови честички и фундаментални сили, од молекули до атоми, кои „управуваат“ со нашите тела и нашиот свет. Можно е универзумот да се сотои од десетици илјади димензии кои ние никогаш нема да ги доживееме на било кој директен начин.

3. Како започнал животот?

Колку и да се трудат научниците уште не можат со сигурност да кажат како неживите делови се собрале во живи суштества. Тоа е можеби затоа што уште не ги знаеме карактеристиките кои вистински го дефинираат животот. Или можеби сме слепи за принципите на физиката што навистина го прават животот функционален. Како и да е, потрагата по потеклото на „животот“ несомнено ќе продолжи долго време.

2. Дали е можно патување низ времето?

Моментално ова е можно само во филмовите. Постојат неколку теории за тоа како би може да патуваме низ времето но ниту една од нив не е реализирана, поради тоа што постои проблем и пречка во секоја од нив.

1. Дали универзумот е навистина бесконечен?

Како и сте други и научниците имаат свои теории. По анализа на мапи генерирани од набљудувања направени со Baryon Oscillation Spectrographic Survey (BOSS), супермоќен телескоп во Ново Мексико, една група утврдила дека универзумот е прилично рамен. Истражувањето било засновано на набљудување на „само“ 1,2 милиони галаксии, што претставува капка во кофата на универзумот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено