Од време на време сите мораме да се справиме со конфликти. Некои од нив се одвиваат на работа, а други влијаат врз нашиот љубовен живот. Конфликтот е нормален дел од социјалното опкружување, но подобро е ако знаете како да се справите со проблемот.

10. Ајде да се одмориме, да размислиме, а потоа да донесеме одлука.

Понекогаш за да престанете да се обвинувате едни со други потребно е да се притисне копчето „пауза“. Тогаш можете да се смирите и да размислите зошто воопшто почнала караницата и дали има потреба да продолжи.

9. Ајде да го решиме овој проблем заедно!

Запомнете дека оваа фраза може да ја спаси вашата врска само ако можете да слушате и да прифатите нечие мислење. Тоа покажува дека се грижите за оваа личност и дека сте подготвени да ги слушнете неговите или нејзините причини.

8. Ти си толку убав/а кога си лут/а!

Комплимент, па дури и за време на расправија може многу да помогне. Плус, по добивањето комплимент, телото испушта хормони на среќата. Резултатот: вашиот противник се насмевнува и конфликтот е решен.

7. Разбирам.

Вистински спас кога треба да се скрши еден маѓепсан круг на недоразбирање. Обично, никој од противниците не сака да слуша и да разбере, па затоа еден од Вас мора да ја изговори оваа фраза. Тоа ќе биде првиот чекор за решавање на конфликтот без расправија и викање.

6. Што можам да направам да се промени ситуацијата?

Ако сте спремни за компромис, оваа фраза може да Ви помогне да избегнете поголема караница. Вашиот партнер можеби ќе сака да преземе некоја акција, па затоа е совршен начин да ја искажете својата подготвеност и да добиете детални инструкции. Секогаш е добро да се знае што Вашиот партнер очекува од Вас, дури и ако не можете да го направите токму она што тој или таа го сака.

5. Нема потреба да го креваш тонот.

Ако ситуацијата постепено се претвора во конфронтација, избегнувајте конфликт со сите средства. Не станувајте емоционални. Дури ако е потребно напуштете ја просторијата и вратете се по некое време кога противникот ќе се смири.

4. Јас разбирам зошто си вознемирен/а …

Ако Вашиот партнер се потпира на емоции, наместо да користи аргументи, само заземете ја неговата или нејзината страна. Тоа нема да ви помогне да го избегнете конфликтот, но тоа ќе го направи вашиот разговор многу поконструктивен.

3. Ајде да го разгледаме ова од поинаква перспектива.

Да се биде во можност да видите проблем од различни агли е една од карактеристиките на една зрела личност.

2. Помогни ми да разберам. / Ве молам, објаснете што мислите.

Кога 2 луѓе се расправаат, тешко е да се размислува јасно. Одморете еден миг и замолете го Вашиот партнер да ја објасни својата ситуација. Можеби тоа не е толку неприфатливо како што си мислевте на почетокот на караницата.

1. Се согласувам со тебе за тоа…

Ако мора да поминете низ тежок разговор, започнете со оваа конкретна фраза. Дури и ако вината е во Вас, Вашата подготвеност да ја поправите ситуацијата и да дадете помош може да работи како магија. Објаснете му на противникот дека сте во истиот тим, а тоа ќе Ви помогне да избегнете конфронтација.

Сподели на Facebook
пати видено