Пред Новата година и Божиќ, се создаваат многу ремек-дела – филмови, серии, разгледници, музички композиции.

Но и маркетингот не заостанува и се создаваат реклами на кои би сакале да им врачиме Оскар, Еми, Златен глобус и, генерално, сите награди на светот за носталгијата, топлината и љубовта што ја даваат. Овие реклами за новогодишните празници ќе ве освојат со својата неверојатна содржина.

Најдобриот подарок

Ежот сака да се дружи со сите во одделението, но поради боцките се наоѓа во непријатни ситуации. На Бадник, тој останува сам во училницата, додека соучениците се забавуваат шепотат и дискутираат нешто. Но, што?

Повторно сам дома

Гугл асистент сними неверојатно носталгична реклама, во која 38-годишниот Меколи Калкин повторува некои сцени од Сам дома.

Тивок Божиќ

Како е да се биде дел од празничната атмосфера, но да не се слушаат звуците? Дедо Мраз доаѓа кај глувонемото девојче и ѝ дава подарок, но таа не може целосно да му се израдува.

Досаден сосед

Изгледа дека едниот сосед поради нешто не го сака другиот – го уништува снешко, фрла снежни топки и не дозволува да седне спокојно во автомобилот. Трпението на главниот лик завршува, и тој оди до соседната куќа, дури и не замислувајќи што го чека таму.

Опкружете се со прекрасни работи

Сопственикот на едно кученце купува лотарија и ја кажува фразата: „Еве ќе освојам многу пари и ќе се опкружувам со прекрасни работи.“ Но, кучето ги сфаќа зборовите на својата сметка, бидејќи не се смета за убаво. И ноќе само ја напушта куќата …

Нахрани го Дедо Мраз

Традицијата да се нахрани Дедо Мраз му помага на едно мало момче да ги развие своите кулинарски способности…

Зошто е тажен пингвинот?

Едно момче за најдобар пријател има пингвин со кој игра фудбал, се вози во автобус, шета во паркот. Но, одеднаш пингвинот станува тажен гледајќи ги заљубените парови околу него. Може ли момчето да го реши овој проблем?

Приказната за светулката

Светулката сака да ѝ обрнуваат внимание, но поради некоја причина сите се зафатени, затоа таа решава да ја украсува новогодишната елка…

Елтон Џон и пијаното

Оваа реклама покажува колку е важен Божиќниот подарок.

Новогодишна временска машина

Главниот лик го чека Божиќ, но деновите одат бавно, а тој сака да ги забрза. За оваа цел тој изработува временска машина. Но, за да функционира не се потребни само соодветни делови туку и љубовта и разбирањето на семејството.

Сподели на Facebook
пати видено