1. Во популарниот „Лего филм” се користат 3.863.484 парчиња лего коцки, а за да се направи продолжение на филмот би биле потребни околу 15.080.330 парчиња лего коцки, како би се изработиле нови 180 мини лего фигури.

  1. Популарниот лик од Војна на звездите, суштеството Ранкор било креиран со спојување на мачка и компир.

  1. Најмалиот објект некогаш фогографиран е сенка на атом. Го фотографирал тим од Универзитетот Грифитс со помош на микроскоп со супер висока резолуција.

  1. Од милиони суштества на Земјата, луѓето се само едни од трите видови способни да се смеат, останатите две се шипманзата и стаорците.

  1. Една единка мравка може да живее 29 години.

  1. Во само 6 часа, сите пустини на светот апсорбираат онолку сончева енергија колку луѓето трошат во една година.

  1. Од дијареа умираат 760.000 деца годишно. Наспроти тоа, многу помалку умираат од СИДА, маларија и сипаници иако се далеку посмртоносни болести. Најголем причинител за дијареја се недоволно хигиенските услови.

  1. Зајаците имаат најдалекусежно видно поле, со можност за панорамски поглед од 360 степени. Тоа им помага да ги забележат грабливците од сите правци.

  1. Октоподот е едно од поинтелигентните морски животни. Тие имаат способност да се прикријат во рибарски бродови и отвори, како би јаделе од рибите фатени во јамка.

  1. Човечкото око е толку чувствително, што доколку планетата Земја има рамна површина и во темнина запалите свеќа, нејзиниот отсјај ќе биде виден од 50 километри оддалеченост.

Сподели на Facebook
пати видено