Од време на време ќе се направи некое археолошко откритие кое покрај тоа што е инстересно, донесува некои нови сознанија за човечката историја.

1. Л`Анс о Медоуз; Многумина веруваат дека Колумбо бил тој кој ја открил Америка, но оваа населба во Њуфаундленд докажува дека Викинзите биле првите Европејци кои се населиле во Северна Америка. Локалитетот бил изграден пред 1000 години, и на него се сместиле 30-160 Викизни.

ar01

2. Саксајваман; Комплексната тврдина се наоѓа во периферијата на Куско, Перу, поранешниот главен град на царството на Инките. Камењата се толку добро поставени што помеѓу нив не можете да вметнете ни лист хартија, притоа вреди да се истакне дека воопшто не употребувале малтер.

ar02

3. Мохенџо-даро; Овој град бил изграден во 2600 пр.н.е. во денешен Пакистан. Ова е еден првите примери за урбано планирање во човечката историја. Има патишта, улици, па дури и канализационен систем. Неколку векови потоа, градот бил мистериозно напуштен и заборавен, и после многу векови за првпат бил откриен во 1922.

ar03

4. Порта на Сонцето; Се наоѓа во западна Боливија и претставува совршено прецизно исечена мегалитска арка на царството Тиванаку. Царството се протегало до Перу до делови на Боливија. Пред Инките, тоа бил најмоќниот јужноамерикански народ. Научниците веруваат дека ова можеби не е првичната местоположба на арката, што наликува на мистеријата на Стоунхенџ.

Zonnepoort

5. Тунели од каменото доба; Пред неколку години археолозите открија нова подземна мрежа на тунели изградени од луѓето во каменото доба. Се протегаат од Шкотска, преку Европа, сѐ до Турција.

ar05

6. Пештерите Лонгју; Наоѓајќи се во Жеџианг, Кина, овие пештери направени од луѓе се датираат во 212 г. пр.н.е. Најинтересното во врска со нив се детално изработените знаци на ѕидовите и тавано кои се сите подеднакво распоредени под агол од 60 степени.

ar06

7. Ѓубекли тепе; Поставена на планински врв во денешна Турција, оваа древна структура го променила начинот на кој археолозите размислуваат за потеклото на човечкото општество. Структурата претходи на појавата на земјоделството (9.000-10.000 пр.н.е.), потврдувајќи дека религијата е во основата на цивилизацијата.

ar08

8. Камените топки од Коста Рика; Не се знае многу за нив, освен дека веројатно биле направени од народот Диквис, кој живеел од 700 до 1530г. н.е. Постои еден локален мит дека тоа се остатоци од изгубениот град Атлантида.

ar09

9. Локалитетот Јонагуни; Сѐ уште се дебатира дали подводниот споменик на јапонското крајбрежје е направено од човечка рака или не. Се состои од два идентични монолити кои изгледаат како да се поставени на тоа место, покрај структурата наречена „желка“. Симетријата и рамните рабови под агол од 90 степени даваат основа да се верува дека структурата е направена од човечка рака, но фактот дека се наоѓа на предлабока морска длабочина го прави тоа невозможно.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

10. Незавршениот обелиск; Неодамна откриен во Асван, Египет, овој обелиск бил нарачан од Хатшепсут во средината на шеснаесеттиот век пред нашата ера, и доколку бил завршен, ќе бил најголемиот египетски обелиск.

ar11

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено