Археолозите го посветуваат својот живот за да ја откријат материјалната историја на нашиот свет.

Но, сепак случајните откритија ги оставаат обичните луѓе збунети. Замислете да пронајдете влез во древните катакомби во дворот, колку е тоа интересно?

10. Фармер открива огромен мамут

Џејмс Брист и неговиот пријател фармер копале во полето со соја и одеднаш сфатиле дека удриле во нешто. Тие откриле 15.000-годишен мамут. Ова откритие може да го смени датумот на најраните знаци на постоење во Америка. Испитувајќи ги остатоците, познатиот експерт за мамути, Даниел Фишер, од Универзитетот во Мичиген, потврди дека мамутот бил убиен од луѓе, со што се докажува дека луѓето постоеле дури и пред ерата на Кловис.

9. Кога еден работник го ископал богатството на Хилдерик наместо земја

На фотографијата погоре е прикажан еден од прстените на Хилдерик. Тоа е тежок златен прстен од 27мм во дијаметар, што е показател дека Хидендрик имал големи дебели прсти. Откритието е нпаравено во далечната 1653 година кога работник копал пред црквата Сен Бриц во Турне, Белгија и го пронашол прстенот, стотици монети, златен меч, златен факел, 300 златни пчели и други работи.

8. Човекот од Граубал: Уникатна мумија

Работниците копале тресет кога ја пронашле мумијата. Нејзината коса и нокти останале непроменети со векови и оваа мумија била првата што била целосно зачувана како цело тело. Мумијата датира од 3 век п.н.е.

7. Дали навистина постоеле хобити?

Истражувачкиот тим откопал скелет на жена во пештерата Лианг Буа на островот Флорес, Индонезија во 2003 година. При внимателно испитување, дошле до заклучок дека жената била со мал раст, но уште помистериозно е фактот дека жената имала невообичаено мал мозок. Некои велат дека овој вид бил дел од еволуцијата на џуџињата. Сепак, многу прашања сè уште не се одговорени во врска со тоа.

6. Римска вила во дворот?

Била чиста случајност кога дизајнерот на килими Лук Ирвин ги замолил електричарите да ги стават каблите под земја во неговиот двор. Копањето доведе до откривање на античка ритуална вила. Исто како Ирвин, дури и археолозите беа зачудени од ова откритие.

5. Кога планинарите налетале на Еци „Ледениот човек“

Двајца германски туристи планинареле на Ецталските Алпи во близина на границата помеѓу Австрија и Италија, кога пронашле нешто неверојатно. Тоа била најстарата позната природна човечка мумија во Европа за која најпрво мислеле дека е починатото тело на планинар.

4. Подземниот град Деринкују: неверојатна мрежа на тунели

Во 1963 година, еден човек открил мистериозна ѕидна структура зад една од просториите во неговата куќа во Турција. Кога археолозите биле повикани на понатамошна истрага, била пронајден целина од тунели, која сега е популарно позната како Подземниот град Деринкују.

3. Пештера Ласко

Во летото 1940 18-годишниот Марсел Равида го открил влезот во пештерата Ласко. Подоцна се вратил во неа со тројца пријатели. Четворицата откриле дека ѕидовите на пештерите се прекриени со слики на животни.

2. Натписот на Јоас

Ова откритие за натписот на Јоас било опкружено со неколку контроверзии кога било откриено на градилиште или муслимански гробишта во близина на Ерусалимскиот храм. Откако бил преведен натписот, било откриено дека во него се зборува за поправките направени во храмот во Ерусалим од страна на Јоас.

1. Антички Галилејски брод под езерото

Двајца рибари од Кибуц Гиносар, браќата Моше и Јувал Луфан, биле археолози аматери кои сакале да најдат артефакти од минатото на Израел. Еден ден водата драстично се повлекла и браќата забележале остатоци од брод. Тим од експерти ја преземал работата и откопувањето на бродот траело 12 дена. Се претпоставува дека таков вид на брод користел Исус. Овие видови на бродови се спомнуваат неколку пати во евангелијата.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено