Сите знаеме дека социјалните медиуми за повеќето од нас станаа неизоставен дел од секојдневниот живот. Според Pew Research Center, до септември 2014 година, 71 проценти од возрасните користеле Фејсбук. Нема да кажеме дека сме шокирани од оваа стасистика. ДА се биде во тренд со нештата е важен дел од секојдневието, па дури и од работните обврски на многу луѓе. Но, таа статистика сепак прави да се запрашаме: „Колку време просечниот човек минува на Фејсбук секој ден?“

NBC News јавува дека Американците во просек минуваат 40 минути дневно на Фејсбук. Според истражување на агенцијата Рејтинг во 2013 година, Македонците се вистински зависници од Фејсбук, во просек минувајќи по три или повеќе часови дневно на оваа (а)социјална мрежа.

10 Things You Could Do With the Time You Spend on Facebook Every Day

А што е тоа што луѓето толку многу ги врзува на Фејсбук? Дали би можело да се каже дека сите ние имаме некаков нагон за воајеризам што најдобро се манифестира на Фејсбук, како и на гледањето на риалити шоуа, или просто се работи за навика. Како и да е, помислете си само што сѐ би можеле да правите со времето кое го трошите на Фејсбук. Еве десет такви нешта:

10 Things You Could Do With the Time You Spend on Facebook Every Day

1. Вежбајте

Повеќето здравствени стручни лица препорачуваат секојдневно да се вежба најмалку по триесет минути. За луѓето коишто тврдат дека немаат доволно време за тоа, ете ви идеална можност. И да одбележиме дека под вежбање не се подразбира да се дотерате во марка тренерки, да се качите во автомобил и да појдете во теретана, 20 минути да правите селфи во гардеробата и потоа 20 минути да зјапате во машините за вежбање. Не, вежбање може да биде и одењето околу паркингот за време на паузата за ручек.

2. Запишете се на некој курс или прочитајте нешто поучно на Интернет

Интернетот сам по себе е огромно богатство на информации. Истите тие, ајде да кажеме, шеесеттина минути дневно коишто во просек се минуваат на Фејсбук, би можеле да се инвестираат во стекнување на нови знаења, па дури и да се запишете на некој онлајн курс, кадешто би можеле да стекнете нови вештини. Еве 40 такви сајтови коишто се целосно бесплатни.

3. Прочитајте нешто

Според повеќе истражувања, читањето значително ја подобрува работата на мозокот, одржувајќи го активен и на постари години. Да не говориме за тоа дека на тој начин си го подобрувате речникот и си ги зголемувате шансите за успех. Не постои никаква причина да не одвоите 30-40 минути дневно за читање. На интернет постојат илјадници извори за бесплатна литература, така што не мора дури ни да се мачите да одите до блиската библиотека или книжарница, иако сепак ништо не може да го замени чувството удобно да се завалите во фотелјата и да се задлабочите во некоја интеренса книга. Плус тоа, во повеќе наврати досега пишувавме дека гледањето во монитор навечер го лаже вашиот мозок дека е ден, предизвикувајќи проблеми со сонот. Со книгата ефектот е спротивен.

4. Згответе нешто

Со времето кое го трошите би можеле да научите да зготвите нешто ново, да ги изненадите вашите најблиски, како и да обрнете повеќе внимание на квалитетот на вашата исхрана.

5. Вистински поврзете се со семејството и пријателите.

Многу луѓе наоѓаат изговор дека со семејството и пријателите се поврзуваат преку социјалните медиуми, и дека најмногу за тоа и ги користат. Но колку е вистинско дигиталното поврзување во реалноста? Наместо да пребарувате низ новостите да видите кој што прави, зошто не го земете телефонот и да се јавите на некого да го прашате како е, што има ново?

6. Дремнете

Дремењето може да ви се чини како непродуктивно губење на време, но кратката дремка од 10-20 минути е добро за здравјето, а после тоа ви остануваат доволно време и за нешто продуктивно, во зависност од тоа колку време губите на Фејсбук.

7. Пишувајте

Пишувањето е едно од најздравите нешта кои би можеле да ги направите за вашата умствена и емоционална состојба. Пишувајте дневник, или обидете се дури и да напишете роман или збирка поезија, зошто да не? Со современата технологија ги имате сите можни предуслови за тоа.

8. Расчистете

Чистењето на вашиот стан, соба, расчистувањето на вашето биро и слично, можат целосно да ви го ресетираат мозокот и да ви помогне подобро да се концентрирате на тоа што ве очекува во текот на денот.

9. Организирајте се

Расчистувањето и организирањето одат заедно, но организацијата може да се однесува и на други нешта во вашиот живот. Направете план за претстојниот ден или недела, зацртајте некои конкретни цели кои би сакале да ги остварите долгорочно и започнете со планирањето на нивното остварување.

10. Медитирајте

Медитацијата може да има благопријатни ефекти врз здравјето, снижувајќи го крвниот притисок, намалувајќи го стресот, подобрувајќи ја мозочната функција и подобрувајќи ја рамнотежата на расположението. За тоа нема да ви биде потребен некој особен тренинг, сѐ што ви треба е да откриете што најдобро функционира за вас и да го сторите тоа.

Сподели на Facebook
пати видено