Иако Дедо Мраз треба да е олицетворение на детската радост, сепак факт е дека новогодишните празници се одличен период за ивршување на криминални дела, а костимот на Дедо Мраз им овозможува на криминалците да го сокријато својот идентитет. Овие криминални дела биле извршени од „Дедо Мраз“.

10. Дедо Мраз делел бесплатна марихуана

Во 2015 година Ренди Ланг од Калифорнија облечен како Дедо Мраз делел бесплатна марихуана на посетителите на фестивал за „Пилешки крилца“. Некои од луѓето го пријавиле и тој бил уапсен, а во неговиот дом имало уште еденн килограм марихуана.

9. Дедо Мраз ги дрогирал луѓето на пазарот во Берлин

За време на новогодишните празници на пазарите во Берлин има огромен број на луѓе. Еден Дедо Мраз во 2011 нудел бесплатни пијалоци на минувачите во кои имало течни екстази, или позната како дрога за силување, која предизвикала кај луѓето повраќање, вртоглавица и, во многу случаи, губење на свеста. Полицијата не успеала да го пронајде човекот.

8. Дедо Мраз им одговарал на писмата на децата со пцовки

Поштата на Канада секоја година ги охрабрува децата да пишуваат писма на Дедо Мраз и да добијат личен одговор. Во 2007 година сите деца добиле писма од Дедо Мраз каде што тој пишувал пцовки, ги навредувал и слично. На крајот се открило дека група на млади го хакирале системот и така ги пишувале писмата до децата.

7. Дедо Мраз украл хеликоптер

На 27 ноември 2015 година во Бразил Дедо Мраз дошол да изнајми хеликоптер, за наводно да им приреди изненадување на луѓето. Кога се качиле во хеликоптерот Дедо Мраз извадил пиштол и му се заканил на пилото да слети во близина на едно поле каде што го сопрале неговиот партнер. Таму го оставиле пилотот а двајцата криминалци избегале со хеликоптерот.

6. На фестивал за Дедо Мразовци 9 биле уапсени, а 70 добиле казни

Hoboken SantaCon секоја година се слави во Њујорк и луѓе облечени како Дедо Мраз парадираат по улиците. Но, овој фестивал и хуманитарна акција повеќе носат штета отколку добро. За време на неговото одржување се случуваат многу крашби, тепачки, алкохолизирани лица го нарушуваат јавниот ред и мир.

5. Дедо Мраз ограбил KFC ресторан

Во 2015 година под маската на Дедо Мраз маж ограбил KFC ресторан така што им претел на вработените со нож. Виновникот не бил пронајден.

4. Дедо Мраз убил старица затоа што му ги крадела чоколадите

Во 2004 година Елкин Кларк продавал чоколади облечен како Дедо Мраз. Тој тврди дека 74-годишна старица се обидела да му украде неколку од чоколадите и дека тој ја опоменал. Елкин ја претепал жената која завршила во болница, а потоа и починала.

3. Дедо Мраз убил лидер на заедницата

Во 2012 година лидерот на Здружение на православната црква Јафа во Израел, Габриел Кадис бил прободен до смрт откако при неговото обраќање до јавноста Дедо Мраз му нанел повреди со нож во грбот, а потоа избегал. Габриел починал од повредите, а убиецот не бил пронајден.

2. Дедо Мраз се степал со тинејџер

Голем број на деца се собрале да го видат Дедо Мраз во Јармут, Англија, кога 35-годишниот маж се степал со тинејџер. Но, освен тоа што му нанел повреди на тинејџерот, кога полицијата гошла и го уапсила човекот малите деца почнале да плачат и никој не можел да ги смири. Полицијата морала и нив подоцна да ги одведе во станицата за да им покажат дека тоа не е вистинскиот Дедо Мраз.

1. Ковина масакрот

Во Ковина, предградие на Лос Анџелес, на Бадник 2008, Брус Џефри Пардо се облекол како Дедо Мраз и тргнал кон домот на неговата поранешна сопруга каде што со автоматско оружје убил 25 лица и тешко повредил едно дете. Тој кога влегол на вратата мало девојче се затрчало кон него мислејќи дека пристигнал добриот Дедо Мраз, но Брус го застрелал девојчето во главата. За среќа преживеало. Но, не и останатите. Најмладата жртва имала 17 години. Брус потоа се застрелал во куќата на неговиот брат.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено