Некои луѓе понекогаш стануваат малку „луди“ кога се работи за видео игрите. Гејмањето е нешто без што помладите генерации не можат и со „страст“ ги следат најпознатите гејмери и се обидуваат да напредуваат во нивоата. Купувањето предмети во игрите е нешто вообичаено, но некои луѓе навистина немаат граница во определување на цената која се спремни да ја платат за предмети кои всушност не постојат во реалниот свет. Еве колку луѓето се спремни да потрошат за виртуелниот живот.

10. Предмет од видео играта EVE- 9.000 долари

Играч одлучил да плати над 9.000 долари за вселенскиот брод во играта Revenant Supercarrier. Но приказната е тажна затоа што откако го купил бродот, тој бил нападнат од заседа и вселенскиот брод бил целосно уништен и не можел да биде вратен во играта.

9. Лик од играта World of Warcraft- 10.000 долари

Зеузо е името на ноќен елф од 70-тото ниво, кој го купил играч под името Shaks во 2007 година за 10.000 долари. Само неколку дена откако играчот го купил, Зеузо бил забранет од серверите на Blizzard Entertainment, затоа што не биле испочитувани одредени работи во договорот.

8. Предмет од видео играта Diablo 3- 14.000 долари

Кога оваа игра се појавила на пазарот имало можност играчите да ги продаваат предметите за вистински пари. Тогаш оружје наречено Echoing Fury Mace било продадено за 14.000 долари. Денес истото оружје вреди 0 долари.

7. Предмет од играта Age of Wulin- 16.000 долари

Овој предмет е поразличен од другите затоа што е купен уште пред да биде достапен во играта. Така во 2011 година маж победил на аукција за купување на специјалниот меч кој требал да се појави во играта и го купил за 16.000 долари.

6. Предмет од Counter-Strike – 30.000 долари

Секој од нас барем еднаш играл „Кантер“ или пак слушнал за оваа игра. Еден човек потрошил 30.000 долари за скин за нож. Скинот нема некоја посебна корист освен што изгледа „кул“. Сепак играчот го платил скинот со Биткоин.

5. Курир во DOTA 2 – 38.000 долари

Во DOTA 2, играчите можат да користат курири, кои се елементи кои можат да ги пренесуваат работите од вашиот тим во вашата база, како и од базата на вашиот тим. Тие се важни, но не и толку важни за да потрошите реални 38.000 долари за нив. Да, така е еден играч потрошил толку пари за да купи розов Ethereal Flames Wardog.

4. Град во играта Second Life- 50.000 долари

Во оваа игра се креира аватар кој живее и управува со виртуелен свет, кој што не е различен од реалниот свет. Така во играта бил создаден и градот Амстердам, кој потоа се продал на eBay за 50.000 долари. Купувачот останал анонимен, а цената била толку висока поради тоа што во играта бил вклучен и „црвениот дистрикт“ каде што возрасните можат да прават „палави работи“.

3. Entropia- Кристалната палата 330.000 долари

Оваа игра им овозможува на играчите да платат и да соберат пари од реалниот свет од рамките на играта. Ова значи дека ако некој играч поседува нешто како клуб што го посетуваат луѓето, може да наплаќаат влезници или ако поседуваат голема површина како остров каде што луѓето доаѓаат да ловат, можат да наплаќаат данок. Некои играчи направија многу пари играјќи ја оваа игра, поради што ги држи првите три места на оваа листа. Кристалната палата на вселенската станица се продала за 330.000 долари на онлајн аукција.

2. Entropia- Клуб Neverdie за 635.000 долари

Club Neverdie е неверојатно популарен ноќен клуб во Ентропија универзумот. Се наоѓа на џиновски астероид што орбитира околу планетата Калипсо и беше најскапиот виртуелен производ што некогаш бил продаден кога Џон “NeverDie” Џејкобс го купил во 2005 година за 100.000 долари. По само пет години г-дин Џејкобс беше во можност да види мал поврат на неговата инвестиција кога тој ја продаде виртуелната локација за неверојатни 635.000 долари.

1. Планета Калипсо (Ентропија) 6 милиони долари

Кога играта била креирана имало само една планета, планетата Калипсо. Таа планета била продадена за неверојатни 6 милиони долари на SEE Virtual Worlds.  Планетата била продадена од MindArk во 2011 година и сите понатамошни приходи кои доаѓале од планетата според договорот оделе во касата на SEE Virtual Worlds.

Сподели на Facebook
пати видено