Десертите најчесто чинат помалку од главното јадење и најчесто не треба да земаме кредит од банка за да уживаме во еден. Но, одредени слаткари прилично сериозно си ја сфатиле работата и го однеле правењето десерти на повисоко ниво. Овие десерти можат да си ги дозволат само најбогатите гурмани.

10. La Madeline au Truffle (Ла Медлин тартуфи), 250 долари

Во Knipschildt Chocolatier во Норвак, Конетикат еден чоколаден тартуф чини 250 долари, а 450гр чинат и над 2.600 долари.

9. Beyond Gourmet Jelly Beans (Повеќе од гурмански желе бонбони), 500 долари

Овој посебен вид на желе бонбони измислен од Дејвид Клеин, нема вештачки бои и вкусови, туку сите состојки се од природно потекло и затоа една тегла чини 500 долари.

8. Golden Opulence Sundae (Златен луксузен сандеј), 1.000 долари

Овој десерт треба да се нарача 48 часа пред да ви биде потребен за одредена пригода, од ресторанот Serendipity 3 во Њујорк, затоа што состојките за него се носат свежи од различни земји во светот.

7. The Golden Phoenix Cupcake (Златно-феникс колаче), 1.000 долари

Во трговскиот центар во Дубаи, поточно Bloomsbury’s слаткарницата може да се пронајде овој „солен“ десерт. Во десертот има позлатени јагоди, италијанско чоколадо и ванила од Уганда.

6. Krispy Kreme’s Luxe Doughnut (Крцкаво-кремаста луксузна крофна), 1.685 долари

Оваа крофна е украсена со лист од 24-каратно злато и како состојка има Дом Перињон. Оваа крофна сепак била направена само еднаш за парите да бидат донирани во хуманитарни цели.

5. Frrrozen Haute Chocolate Ice Cream Sundae (Замрзнат елегантен чоколаден сладолед сандеј), 25.000 долари

Повторно од Serendipity 3 решиле да направат скап десерт, овој пат со 5 гр 24-каратно злато, La Madeline au Truffle, за кои споменавме дека чинат 250 долари секоја и други луксузни состојки. Исто така десертот се сервира во златен пехар со дијаманти и златна лажица.

4. The Lindeth Howe Country House Hotel Chocolate Pudding (Чоколадниот пудинг на Лидетх Хоув хотелот), 34.000 долари

Пудингот е креиран од страна на готвачот Марк Гилберт од Лидетх Хоув хотелот во Англија. Дизајнот на десертот има за цел да го реплицира Фаберже јајцето. Освен некои од највкусните чоколади, кавијар и злато кое може да се јаде, десертот исто така доаѓа со дијамант од 2 карати.

3. The Absurdity Sundae (Сандеј на абсурдноста), 60.000 долари

За само 60.000 долари, ќе го добиете овој леден десерт директно од Килиманџаро, каде што основачот на компанијата ќе го подготви со користење на глацијален мраз собран од врвот на планината.

2. Diamond Fruitcake (Дијамантска овошна торта), 1.72 милиони долари

Оваа торта е креирана за продавницата Такашимаја во Токио. Оваа овошна торта е проценета на 1,72 милиони долари, благодарение на 223 индивидуалните дијаманти што ја красат тортата. Вкупната тежина на дијамантите е 170 карати, правејќи ја најскапата торта во светот.

1. Strawberries Arnaud (Јагодите од Арнауд), 9,85 милиони долари

Ресторанот Арнауд во Њу Орлеанс за Валентин во 2016 решил да подготви нешто посебно. Иако јадењето доаѓа со локално одгледувани јагоди, некои дополнителни состојки ја носат големата цена. Различни скапи алкохолни пијалаци и шампањи се додаваат за вкус заедно со лажичка сладолед од ванила, шлаг и 24-каратни златни снегулки на врвот на десертот.

Уште не сте задоволни со цената? На дното на чинијата има кутија со веренички прстен со син дијамант од 10,06 карати.

Сподели на Facebook
пати видено