На секој од нас може да му се случи да „тресне“ некоја глупост, но за среќа тоа останува помеѓу пријателите или семејството. Но, кога сте позната личност за вашиот испад ќе дознае целиот свет и секогаш ќе се врти истиот „муабет“ кога некој ќе сака да се пошегува на ваша сметка.

Познатите личности навистина знаеле да „оплескаат“ со нивните изјави, некои од нив се случајни грешки во афект, а некои се вистински приказ на коефициентот на интелигенција.

10. Дејвид Бекам

„Дефинитивно Бруклин ќе добие крштевка, само сѐ уште не знаеме во која религија.“

9. Далај Лама

„Мислам, ако дојде жена Далај Лама, тогаш таа мора да биде привлечна. Во спротивно, нема многу корист од неа.“

8. Камерон Диаз

„Ја забележувам гравитацијата уште од мали нозе.“

7. Брук Шилдс

„Пушењето убива. Ако сте убиени, губите важен дел од животот.“

6. Арнолд Шварценегер

Го прашале дали подржува геј бракови: „Не, мислам дека геј бракот е нешто што треба да биде помеѓу маж и жена.“

5. Џесика Симпсон

„Дали е ова пилешко или е риба? Знам дека е туна, но вели: ‘Пилешко на морето’“

4. Кристина Агилера

„Па, каде се одржува Канскиот филмски фестивал годинава?“

3. Шекил О’Нил

Новинар: „Дали го посетивте Партенон за време на патувањето во Грција?“ Шекил О’Нил: „Јас навистина не можам да се сетам на имињата на клубовите во кои отидовме“.

2. Парис Хилтон

„Не, не бев во Англија, бев во Лондон.“

1. Бритни Спирс

„Никогаш не сум сакала да одам во Јапонија. Едноставно затоа што не сакам да јадам риба. И знам дека тоа е многу популарно таму во Африка.“

Сподели на Facebook
пати видено