Негативните мисли буквално можат да станат порок, исто како и зависноста од супстанци, одразувајќи се лошо врз секојдневието и севкупниот живот, намалувајќи го квалитетот на живеењето – најчесто без потреба за такво нешто. Да се научи да се мисли позитивно може да биде тешко, особено ако некој никогаш не бил научен на тоа. Но кога еднаш ќе се направи таа промена, личноста согледува дека таа може отвори широки можности за нови искуства и поздраво живеење во секој поглед. Еве десет важни елементи на позитивното мислење коипто секој треба да ги знае.

10 Ways To Transition From A Negative To A Positive Thinker

Бидете благодарни

Да научите да бидете благодарни за сѐ што имате е една од основите на позитивното размислување. Ако го читате ова, значи дека имате достап до компјутер и интернет, и дека сте ЖИВИ. Бидете благодарни за тоа што имате луѓе кои ве сакаат и кои се грижат за вас, и имајте предвид дека живееме во ужасно суров свет и дека токму во овој момент некои души некаде ужасно страдаат.

Баталете ја сета таа драма

Честото започнување на драма е лоша карактеристика, особоено за личноста со таква особина. За да ја отстраните излишната драма од вашиот живот, првин пробајте со отворен разговор со тие кои нешто ви значат за тоа како влијаат излишните негативни чувства и ситуации врз сите. Што се однесува до тие кои не се толку важен дел од вашиот живот а кои од сѐ и сешто под сонцето прават турска серија – заборавете ги. Секоја секунда од нашиот престој на овој свет е прескапоцена да се троши на глупости.

Опкружете се со луѓе кои ќе ви пружат поддршка

Откачувањето на луѓето кои ви предизвикуваат излични негативни чувства оди рака под рака со пронаоѓањето на несебични луѓе кои ќе ви се најдат кога ќе имате потреба од нив. Секогаш обидувајте се да процените кој ви влијае лошо, а кој не. Мудро бирајте кого ќе пуштите во вашиот живот.

Превземете одговорност

Преминувањето во редовите на позитивните размислувачи значи и превземање на соодветна иницијатива. Мора да сакате да бидете посреќни. Но мора и да бидете подготвени да ја согледате и превземете и вашата одговорност за лошите нешта во животот. И кога ќе го направите тоа, не треба да очајувате. Очајувањето никогаш не помага и само со мисли не се менуваат нештата, бидејќи телепатијата и телекинезата се само дел филмовите, барем сега за сега. А па да не зборуваме за тоа колку си помагате со лошото размислување.

Бидете љубезни со другите

Бидете добри кон другите, едноставно е. Со тоа ќе предизвикате позитивни чувства за вас, како и за личноста кон која сте љубезни. Секој е победник во таква ситуација.

Издвоете си време само за вас

Понекогаш ни треба време да се опуштиме и да се препуштиме на сопствени мисли. Дали тоа ќе е медитација, јога, музика, прошетка, риболов итн. – на секого му е потребно од време на време да избега од реалноста и да си ги одмори мислите.

Забавувајте се

Очигледен начин да ги отстраните лошите мисли е да се забавувате. Забавата носи смеа, возбуда и уживање.

Научете да простувате

Простувањето од срце не е знак на слабост, токму спротивното -треба да си навистина силна личност за да можеш да си дозволиш такво нешто. Но и не вреди постојано да се измачувате со нешто од минатото. Што е направено, направено и не можете да го промените. Простувањето е тешко, но тоа ви овозможува да ги надминете сопствените грешки и да продолжите со сопствениот живот.

Мислете си дека чашата е до половина полна, а не до половина празна

Во животот навистина има тешки моменти, но во оние кои не се трагични, секогаш обидувајте се да бидете над ситуацијата така што ќе размислувате за добрата страна на дадена околност. Ако денот ви е лош, обидете се да се присетите на нешто убаво што ви се случило тој ден и бидете благодарни за тоа.

Не му ја мислете толку

Ова време на брз живот понекогаш знае да нѐ проголта и да направи да не можеме да ја видиме големата слика. Ако минувате низ тешкотии и си мислите дека не можете да се преборите со нив – продолжете да се борите. Напорната работа и решителноста секогаш победуваат. Сѐ додека се трудите да се подобрите себеси, ќе имате помалку време да се грижите за тоа што би можело да се случи, и на тој начин секогаш ќе бидете поподготвени за тоа што доаѓа.

Сподели на Facebook
пати видено