Неки луѓе велат дека мислите на жената се „terra incognita“ или непозната територија. Се разбира, жените можат да бидат полни со мистерија и контрадикторности, но можеби тоа не би било така ако еден маж би бил поодлучен и повнимателен за да ги забележи нејзините потреби и желби. Верувајте ни, не мора да ги читате умовите како Мел Гибсон во филмот „Што сакаат жените“. За да ја разберете вашата партнерка ви треба малку здрав разум.

1. Кои се нејзините животни вредности?

Дали повеќе сака да ја помине вечерта со мартини во рака заедно со своите пријатели? Или можеби таа повеќе би сакала да гледа филм со тебе? Дали сака да купи нов кауч или да замине за викенд во странство? Вашата заедничка иднина може да се заснова на одлуките што таа ги прави сега и како влијаете врз нив. Обрнете внимание на нејзините постапки, а не нејзините зборови за да ви помогнат да разберете каква личност е таа.

Во ред е ако вашите животни погледи се малку поинакви. Но, ако вашата девојка сака да стане дипломат и да шета низ светот додека вие сакате да живеете во мала куќа со неколку деца веднаш по свадбата, треба да бидете подготвени да разговарате за компромисите кои би биле спремни да ги направите за својата иднина.

2. Дали сака да планира или да биде спонтана?

Размислете за начинот на кој вашата девојка го поминува слободниот ден. Дали планира сè однапред или прави сé во моментот? Дали таа лесно го менува распоредот или не се држи до планот?

Ако никогаш не знаете што да очекувате од вашата девојка, можеби ќе имате посветла и спонтана иднина. Сепак, живеењето само за денес може да се покаже како малку невнимателно, што би можело да значи дека ќе имате бурлив живот заедно со постојани промени.

Но, дури и ако вашата девојка е целосно против изненадувања, тоа не значи дека е здодевна и предвидлива. Исто како и многу други луѓе, некои жени сакаат да се придржуваат кон распоредот.

3. Како реагира на проблеми?

Ејми Л. Ева, психолог од Калифорнискиот универзитет во Беркли, вели дека стресните ситуации се можност да научиме нешто, да ја мобилизираме нашата внатрешна моќ и да се мотивираме да се движиме напред. Најважно е да се идентификува вистинскиот проблем и да се разбере колку е голем. Дали се изгорени јајца, проблеми на работа или поплава во друга земја? Што мисли вашата девојка дека е главен проблем и како таа се справува со тоа?

4. Каков е нејзиниот однос со блиските луѓе?

Обрнете внимание на тоа колку е добра врската помеѓу вашата девојка и нејзиното семејство. Ако вашата девојка ги почитува своите родители, ги слуша нивните совети и секогаш е таму за да им помогне, тоа е добар знак дека таа има добро срце. Ова значи дека таа ќе биде исто толку нежна и полна со разбирање со вас во текот на вашата врска.

5. Каков е нејзиниот однос кон другите луѓе?

Друг одличен начин да се открие дали сакате да бидете во врска со некого е да процените како ги третира другите. Дали таа разговара со келнерите како разгалено детиште или е љубезна и учтива? Дали е груба со некој што се обидува да ѝ помогне, или пак е најчесто пријатна и пријателски расположена? Ако некој случајно ја турне на улица, дали ќе започне кавга или ќе остане смирена?

6. Што прави во слободното време?

Вашата девојка има слободна вечер и вие не сте наоколу. Што ќе стори? Ќе отиде на луда забава и ќе ја помине целата ноќ таму? Или можеби ќе лежи на нејзиниот кауч придружена со вкусна закуска и најновата сезона на нејзината омилена телевизиска емисија? Или ќе оди на прошетка во паркот?

Фредерик Беигбедер напишал во својата книга, 99 Франки дека секој човек треба да има хоби. Начинот на кој вашата девојка го поминува своето слободно време кажува многу за нејзините навики, карактерот и погледот на светот. Дали сте подготвени да ги споделите своите интереси? Дали се согласувате со нејзиниот животен стил или размислувате за тоа како можете да ја смените?

7. Колку е емоционална?

Не е изненадувачки ако таа плаче кога гледа бездомно маче, но ако првиот жолт лист на дрвото ја прави депресивна затоа што „животот е премногу краток“, ова е причина да се запрашате: дали сте компатибилни со некој толку емотивен?

8. Колку време посветува на нејзиниот изглед?

Ние сите знаеме дека е лесно да се суди некоја книга според нејзината корица понекогаш. Но, некои жени, па дури и мажи, го сфаќаат својот изглед премногу сериозно, инвестирајќи ја целата нивна енергија, пари и ресурси во нивниот надворешен изглед.

Мора да се каже, мажите сакаат убави, добро облечени жени, но тоа не значи дека би сакале да чекаат два часа секој ден за нивната девојка конечно да ја напушти бањата. Многу луѓе денес го развиле Синдромот на Доријан Греј и се фиксирани за идејата да останат млади и убави засекогаш.

Сепак, некои жени се сосема спротивни и можеби не сакаат да се погледнат себеси во огледалото пред да ја напуштат куќата. Можеби таа има други приоритети во животот.

9. Колку е паметна?

Колку често и вие и вашата девојка се впуштате во разговор? Дали сакате да ја поканите да разговара со вашите пријатели знаејќи дека ќе се дружи со нив добро? Се разбира, вашата девојка не мора да биде следниот Ајнштајн, но паметен, комуникативен партнер е секогаш интересен за разговор.

И според најновите истражувања, најважното нешто во врската не е бројот на правилни одговори на IQ тест, туку, емоционалната интелигенција – способноста да ве разбере вас, вашите чувства, желби и способноста да биде во контакт со вашите емоции.

10. Што ја инспирира?

Хоби и интереси се природен дел од сите наши личности и ни помагаат да живееме среќен живот. Професор Манфред Ф.Р. Кетс де Вриес пишува во нејзината книга, The Happiness Equation (Равенката за среќа), дека хоби им помаѓа на луѓето да ги користат деловите на мозокот кои не се искористени додека работат.

Секогаш е полесно да се комуницира со личноста која има хоби. Интересни луѓе лесно можат да ги инспирираат луѓето околу нив.

Бонус: Погледнете ја нејзината половина.

Антропологот Елизабет Кашдан ги проучувала различните видови на тела од 30 различни популации и заклучила дека речиси секој карактер на жената може да се определи според нејзиниот облик, или поконкретно, половината. Резултатите покажале, колку е поширока половината, толку е посилен карактерот.

Сподели на Facebook
пати видено