Дрогата не е нешто непознато за познатите музички ѕвезди. Многу од нив го изгубиле животот и станале жртви на овој „отров“. Но, постојат и такви кои со години консумирале секаков вид на дрога но тоа не им претставувало проблем за да ја одржуваат кариерата и животот во добра форма. Ова се 10 најпознати „наркомани“ од музичката индустрија.

10. Мик Флитвуд

Тапанарот на Флитвуд Мек, кој сега има 69 години, води мирен живот на Мауи, каде што живее веќе неколку години. Мик Флитвуд ги опишал своите рани искуства со кокаин во Лос Анџелес во 1970-тите како „првиот бран цунами од бел прав во кој се стркалал”. Најмалку 20 години тој земал околу 3 грама кокаин секој ден. Тој банкротирал неколку пати и имал три неуспешни бракови.

9. Кит Ричардс

Приказните за испадите на Кит се легендарни. Тој бил уапсен за поседување и консумирање на хероин повеќе пати во 1960-тите и 1970-тите. Во доцните 1970-ти, Ричардс, наводно, поминал девет дена без спиење во студиото за снимање. Во 2002 година, Ричардс признал во интервју дека го ишмркал пепелот на неговиот покоен татко заедно со кокаин. Дури во 2006 година Ричардс се откажал од кокаинот кога паднал од кокосово дрво на и доживеал потрес на мозокот на одмор во Фиџи.

8. Елтон Џон

Поп и рок легенда Елтон Џон почнал да зема кокаин во раните 1970-ти години за да „се отвори“ и да разговара со луѓето, затоа што бил срамежлив. Сепак, Џон изјавил дека лекот на крајот „го затворил“. Кокаинот останал суштинска компонента во неговиот живот во текот на 1970-тите и 1980-тите. Во 1989 година, Џон земал кокаин на секои 4 минути, се онесвестувал а кога ќе го освестеле повторно земал кокаин. Кога тој и неговите најблиски сфатиле дека ќе се убие ако продолжи, Џон заминал на лечење во 1990 година.

7. Стиви Никс

Кралицата на Рок музиката и вокалот на Флитвуд Мек е добро запознаена со зависноста. Таа изјавила дека количините на кокаин кои ги консумирала надвор од контрола. Деветгодишната зависност на Никс би била фатална доколку не го послушала советот на лекарот во 1986 година кој и кажал дека дрогата и направила дупка во носот и секое понатамошно консумирање би било фатално.

6. Шејн МекГован

Роден во Даблин, сега на возраст од 59 години, Шејн поминал повеќе години од неговиот живот како алкохоличар. Тој дури си ги скршил забите на самиот себе кога бил под дејство. Неговата „втора љубов“ била хероинот и тој започнал со лечење кога лекар му кажал дека доколку продолжи ќе живее уште 6 недели.

5. Стивен Адлер

Тапанарот Стивен Адлер од Guns N ‘Roses имал апетит за самоуништување. Зависноста на Адлер од кокаинот и хероинот била толку сериозна што бендот бил принуден да го отпушти во 1990 година. Стивен претрпел неколку мозочни и срцеви удари и над 30 пати завршил на интензивна нега.

4. Џон Фрушанте

Џон имал 18 години, кога се приклучил на Red Hot Chili Peppers во 1988 година, заменувајќи го гитаристот Хилел Словак, кој починал од предозирање со хероин. Џон станал и самиот зависник, а целосно пропаднал кога го напуштил бендот во 1992 година. Неговите албуми снимани потоа биле наменети за да ги финансираат неговите потреби за хероин и кокаин. Откако Џон ја поминал рехабилитацијата тој морал да ги смени сите заби затоа што биле изгниени од дрогата и ги отстранувал лузните на рацете кои настанале од погрешно инјектирање на хероин.

3. Даф МекКаган

Уште еден „претставник“ на Guns N ‘Roses, Даф МекКаган, во 2011 година раскажал како животот во 1990-тите години се претворил во кошмар што скоро го убил. Освен големите количини на кокаин и хероин, Мекгановата наклонетост кон алкохолот исто така придонесувала за неговата речиси фатална епизода. Кога му пукнал панкреасот од прекумерниот внес на алкохол Даф решил дека е време да престане.

2. Ники Сикс

Сите четворица членови на Motley Crue биле познати по наркотичниот начин на живот, но Ники Сикс најмногу се истакнувал. Автобиографска книга напишана од Сикс во 2007 година и насловена „Дневниците за хероин“, експлицитно ги раскажува секојдневните активности од 1986 до 1987 година на еден човек заглавен во занесот на кокаин и хероин. Книгата кулминира со скоро фаталната доза на хероин, кога Сикс бил прогласен за мртов од лекарите пред да биде оживеан. Тој сега има 58 години и како што тврди тој повеќе не користи дрога.

1. Ози Озборн

Ози сега 68-годишен, поранешен фронтмен на Black Sabbath и многу успешен соло уметник, во 2015 открил како тој преживеал 40 години со злоупотреба на дрога и алкохол. Лекарите забележале мутација на генот ADH4, ген поврзан со злоупотреба на алкохол и дрога, што можеби му дозволил на Озборн полесно да го поднесе алкохолот од просечниот човек. Алкохол, киселина, марихуана, хероин, кокаин, валиум, викодин и изненадувачки коктел од амфетамини, средства за смирување, лекови против болки и апчиња за спиење очигледно би го убиле обичниот човек, но не и Ози. Неговата сопруга Шерон изјавила: „Кога ќе дојде крајот на светот ќе останат само лебарките, Ози и Кит Ричардс.“

Сподели на Facebook
пати видено