Психологијата е наука која не можеме да ја игнорираме. Таа е дел од секој аспект на нашиот живот и може многу да ни помогне или пак да ни наштети. Овие интересни трикови од психологијата ќе Ви го олеснат секојдневието.

1. Како да препознаете таен обожавател

Кога се сомневате дека некој Ве набљудува но не сте сигурни во тоа, едноставно се што треба да направите е да се проѕевате, доколку и другата личност го направи истото значи дека Ве набљудува.

2. Како да поминете низ толпа

Застанете исправено и сконцентрирајте се на крајната цел со Вашиот поглед, ќе се изненадите колку луѓе ќе Ви дозволат да поминете.

3. Како да го смирите непријателот

Ви се случило ли некогаш личност која што не Ве сака да почне да Ве провоцира на деловен состанок или пак на излегување со пријателите. За да го спречите ова седнете до „непријателот“ тогаш ќе му биде неудобно целосно да го сврти погледот и телото за да Ве навреди.

4. Како да направите некој да разговара со Вас со очите

Ако мислите дека некој Ве лаже, не му го поставувајте истото прашање повеќе пати, туку само продолжете да го гледате директно во очите. доколку таа личност има совест ќе Ви ја каже вистината.

5. Како да „натерате“ некој да Ви направи услуга

Едноставно, ако сакате попуст првин побарајте да Ви ја дадат работата бесплатно. Луѓето се чувствуваат лошо кога ќе Ве одбијат еднаш и ќе попуштат.

6. Зборувајте на одредено уво

Ова е уште еден начин како да побарате услуга. Според некои истражувања чувствата треба да се кажуваат на левото уво, а кога се работи за деловни работи зборувајте му на соговорникот од десната страна.

7. Контакт со очите

Доколку сакате да развиете добар однос со некоја личност секогаш гледајте ја во очите. Тоа влева доверба и сигурност.

8. Адреналин на првиот состанок

Добро е на првиот состанок да се одвете девојката или момчето во забавен парк. Адреналинот и споделувањето на заедничкиот страв помага при поврзувањето и впечаткот за „интересно поминато време“ е поголем.

9. Кажувајте го нивното име

Луѓето сакаат да го слушаат нивното име, затоа наредниот пат кога ќе излезете со саканиот/саканата секогаш обраќајте им се со нивното име, секако со смирен тон.

10. Како да запомните информации

Кога ќе научите нови вештини или информации споделете ги со друга личност. Детално објаснете ги на другата личност и подоцна кога ќе Ви затребаат полесно ќе можете да се сетите на нив.

Сподели на Facebook
пати видено