Ние луѓето сме суштества на навиките. Навиките се важни, бидејќи тие ги конструираат активностите, мислите и се нашите чувства во одредени ситуации. Тие можат да не упатат кон успех и среќа, кон нашите најголеми соништа и цели. Сепак, можат и да не доведат до разочарување, дека никогаш не сме ги постигнале. Ако сакате да го подобрите максимално здравјето и продуктивноста, започнете со овие десет навики:

1. Зошто?

Размислете, сите филмови со суперхерои или жестока потера по опасен криминалец, почнуваат со „зошто?“ Првата навика секогаш треба да Ви биде да се запрашате зошто го правите тоа што го правите. Прашањето „зошто“ било водечко и за Стив Џобс. Тоа е и мислењето на Симон Синек, кој го става прашањето „зошто“ во секој круг на неговите проекти. Предавањата на Симон биле гледани над 32 милиони пати.

2. Планирањето е сè

Секое нешто за кое едноставно зборувате е сон додека не го означите во вашиот распоред и не го преземете првиот чекор, тогаш ќе се претвори во нешто вистинско. Многу луѓе зборуваат за тоа како сакаат да се хранат поздраво, да започнат сопствен бизнис, да ги напуштат своите работни места, но како ќе заврши нивната приказната? Ако сакате другите да Ве сфатат сериозно, мора првин Вие самите да го направите тоа. Направете листа од приоритети и претворете ги во реалност.

3. Размислувајте за големи нешта и поделете ги во мали чекори

Секој од нас има смели соништа, толку храбри, што дури и не смееме да помислиме да ги реализираме. Но воие навидум невозможни соништа можат да станјат релност доколку ги поделиме на мали и секојдневни активности.

4. Клучот лежи во дневната рутина

Рутината е чудна работа, таа те тера да ги извршиш дневните обврски, без да се запрашаш „што ќе се случи ако не ги извршам?“ Можеби звучи лошо но токму оваа рутина Ве движи и може да Ве направи успеши. Земете ја листата со планираните цели и имплементирајте делови од неа во дневната рутина.

5. Одморот е од суштинско значење

Заморот има посебни карактеристики. Само еден брз поглед може да биде доволен за да си направите заклучок за некого дека е уморен и затрупан од работа. Ненаспаноста е непријател број еден, како за продуктивноста, така и за среќата.

6. Не е потребно активностите да се совршени за да ги исполните

Многу често луѓето се плашат да преземат нешто, само поради тоа што не би се справиле добро. Никој не се родил совршен, треба да се преземат ризици кога работите не се совршени. Тие ќе станат подобри, кога ќе влезете во играта.

7. Ангажирај се долгорочно

Долгорочното ангажирање е единствениот метод што ќе доведе до резултати. Искуството покажува дека во повеќето случаи ќе ви е потребно многу повеќе време отколку што сте си замислувале, токму тоа е моментот во кој луѓето се соочуваат со разликата помеѓу соништата и реалноста. Тогаш ќе ви треба многу трпение и експериментирање, додека сè не тргне како што сте сакале. Покажете му на светот дека не сте личност која се откажува лесно.

8. Околината

Една од најтешките работи кога ќе почнете да реализирате некоја идеја е да ја споделите со околината и најблиските. Постојат луѓе кои признаваат дека почнале бизнис кога веќе нема да можат да го кријат тоа. Околината не треба да определува какви одлуки ќе донесете.

9. Консумација

Овој израз најчесто се користи во исхраната, но зависи за каква храна станува збор. Ако сакате да го промените својот живот, треба да промените своите навики. Филмовите кои што ги гледате, емисиите, музиката се влијае на Вашиот успех и развој.

10. Не ја играјте играта на споредбата

Секогаш ќе има некој подобар, побогат, поубав од Вас, но тоа не треба да Ве обесхрабрува. Мора да сфатите дека вашите соништа се Вашето патување кон личната среќа, во која никој не може да се меша. Вие сте единствената конкуренција и тоа треба само да ве мотивира.

Сподели на Facebook
пати видено