Според статистичките податоци СЕКОЈА ЧЕТВРТА ЛИЧНОСТ на планетата боледува од одредено ментално пореметување. Ова се неколку од најнеобичните пореметувања, кои ни покажуваат колку е мистериозен човековиот мозок.

Квазимодо синдром

Квазимодо синдромот, или Дисморфофобија, е екстремно опасно ментално пореметување, каде што личноста има опсесивни мисли за надворешниот изглед, односно за претеран или имагинарен физички деформитет. Пациентите постојано се гледаат во огледало трудејќи се да најдат агол под кој нема да се види нивниот “деформитет,” не се фотографираат, имаат ниска самодоверба, проблеми во љубовниот живот, сметаат дека не се прифатени од општеството и слично. Апсурдноста на овој синдром е откриена во немиот филм Contracuerpo.

Еротоманија

Луѓето што патат од еротоманија се сигурни дека некој е заљубен во нив, најчесто некоја позната личност или личност од повисок статус. Пациентите веруваат дека нивните тајни “обожаватели” им праќаат пораки, тајни знаци и сигнали преку медиумите. Борбата со оваа болест е тешка, дури и ако “обожавателот” му каже “не” на пациентот, тој ќе си претпостави дека и тоа е само дел од тајниот план на неговиот “обожавател”. Оваа болест е прикажана во филмот From the Land of the Moon преку ликот на Марион Котилард.

Капграс синдром

Ова е ретка болест каде личноста има погрешно верување дека познаник, обично близок член на семејството е заменет со измамник кој изгледа идентично. Оваа пореметување често е придружено со шизофренија. Во филмот Двојник снимен според истоимената новела од Достоевски, се открива суштината на ова нарушување.

Фреголи синдром

Во овој случај пациентот верува дека негова блиска личност се крие под маската на непознати луѓе, кои контантно носат шминка и го менуваат својот изглед за да можат успешно да ги следат своите “жртви.” Оваа тема е делумно разработена во анимираниот филм Anomalisa.

Адел синдром

Ова е ментално нарушување каде што личноста развива патолошка љубов кон некого. Адел синдромот е опасен за здравјето и животот на пациентот, затоа што може да дојде до депресија, самоубиство, клептоманија, алкохолизам и слично. The Story of Adele H е филм за млада жена која боледува од овој синдром и по која е и наречен.

Криптомнезија

Криптомнезија е еден вид на оштетување на меморијата, каде што лицето не може да се сети на одреден настан што му се случил и не е сигурен дали се работи за реален настан или пак сон. The Science of Sleep е филм во кој се зборува за оваа болест.

Алиса во земјата на чудата

Овој синдром ја менува перцепцијата на пациентот за објектите и просторот. Работите кои што се далеку им се чинат блиски, понекогаш се замислуваат дека тие самите станале многу мали а понекогаш големи. Доколку пациентот нема оштетување на видот или пак на останатите органи за сетило, тогаш останува состојбата да и се препише на оваа болест.

Опсесивно- компулзивно пореметување

Луѓето што патат од оваа пореметување имаат опсесивни и анксиозни мисли дека не можат да ги контролираат своите ритуали, на кои што, според нив, се приморани да ги прават. Во исто време овие личности ја сфаќаат апсурдноста на нивните дела, но доколку не ги извршуваат се чувствуваат вознемирени или депресивни. Јасен пример за тоа како изгледа животот на личност која пати од ОКП е ликот на Леонардо ди Каприо во филмот Авијатичарот.

Парафренија

Парафренија е комбинација на параноични делузии и грандиозност. Илузиите на пациентот се придружени со псевдо-халуцинации и “лажни сеќавања.” Пациентите се сметаат за владетели на светот, сметаат дека се бесмртни, дека потекнуваат од некое божество и слично. Овие луѓе најчесто се многу арогантни и мистериозни.

Синдром на повеќекратна личност

Ова ментално нарушување кое се карактеризира со тоа што личноста поседува најмалку два различни идентитети во нивното тело кои наизменично го контролираат однесувањето, но не се поврзани еден со друг. Овие лица можат да бидат од различен пол, возраст, националност, темперамент, ментални способности, да имаат различни погледи на светот, па дури и болести. Се смета дека причината за ова растројство најчесто е заради тешки трауми од раното детство,како повторувано сексуално,емоционално или физичко насилство. Најшокантниот случај со оваа ретка болест е кога во 1970 во САД бил уапсен Били Милиган кој силувал повеќе жени и во текот на судењето е откриено дека во неговата глава живеат 24 личности.

Сподели на Facebook
пати видено