Овие нерешени мистерии се доказ дека луѓето не можат да контролираат сè и дека уште не поседуваме доволно знаење за да објасниме одредени аномалии. Ни останува само да претпоставуваме што се случило и едноставно да кажеме дека се работи за мистерија.

10. Случај Тамам Шуд

На 1-ви Декември 1948 година безживотно тело на маж било пронајдено на плажа во Австралија. Тој немал документи, ниту пак неговата облека имала етикета или ознака од некој вид. Единствено имал едно ливче во џебот на кое пишувало „Тамам Шуд“, завршните зборови од персиска поезија од 12-тиот век наречена Rubaiyat. Оваа ретка книга подоцна била пронајдена на задното седиште на локално такси. Се верува дека постоел код во книгата, но никој не го дешифрирал. Тамам шуд, значи „Крај“.

9. Инцидентот Вела

На 22 септември 1979 година, американскиот сателит Вела 6911 забележал невообичаено светол „двоен блиц“ од брегот на Јужна Африка во сливот на Јужен Атлантик и Индискиот Океан. До ден-денес никој не потврдил што всушност се случило, но што и да го предизвикало тоа, било навистина големо. Сеизмографски и атмосферски читања покажувале алармантни податоци. Теориите вклучувале, подводен земјотрес, метеорски дожд и најраспространетата теорија е дека Израел или Јужна Африка тестирале нуклеарно оружје.

8. Фотографии од „временски патник“

Категоријата на фотографии класифицирани како „временски патници“ прикажуваат луѓе кои користат понапредна технологија, или пак се модерно облечени во период кога тие работи не постоеле. Едни од најпознатите се фотографиите со „хипстерот“ со очила за сонце, качулка и маица на отворањето на мостот во 1941 година, а другата е од премиерата на филмот на Чарли Чаплин, „Циркус“ на која наводно се гледа како жена користи мобилен телефон во 1928 година. Можеби постои и логично објаснување за овие фотографии, бидејќи очилата за сонце постеле во 1941 година и можеби овој човек имал спрецифичен вкус за мода, или пак „мобилниот“ од 1928 година е само слушно помагало.

7. Тунгуска експлозија

80 милиони дрвја биле срамнети со земја кога нешто експлодирало над Сибир во близина на реката Тунгуска на 30 јуни 1908 година. Област од над 2.000 километри квадратни била избришана,а никој не знае како, бидејќи местото било пусто. Најчеста теорија е дека удрил астероид или комета.

6. Маџестик-12 документ

Овој документ бил доставен анонимно до НЛО ентузијаст во 1981 година и во него се опишувала операција „маџестик 12“ во која владата на САД ги прекривала инцидентите со НЛО. Иако голем дел од НЛО ентузијастите веруваат во информациите во овој документ (иако не се знае изворот), некои од нив веруваат дека владата на САД намерно им ги подметнала овие лажни информации за да ги наведат на погрешен пат.

5. Ракописот на Војнич

Овој ракопис од 240 страни, именуван по човек од Полска кој тврдел дека го пронашол во 1912 година ги довел научниците до лудило. тој бил напишан на неразбирлив јазик, дури и азбуката на која бил напишан немала смисла и не постоела. Исто така имало илустрации и детални описи за растенија и космологијата, но ниту едно од соѕвездијата и растенијата не може да се идентификува. Останатите илустрации биле од голи жени. Утврдено е дека ракописот потренува од 15 век, но кој и зошто го напишал останува мистерија.

4. Случајот со оловни маски

На 20-ти август 1996 година биле пронајдени телата на електричарите Мануел Периера и Мигел Хосе Виана, на еден рид во близина на Рио, во Бразил. Не се знае како починале, ниту пак зошто биле таму. И двајцата носеле оловни маски, а еден од нив имал и ливче на кое пишувало „16:30 биди на договорената локација. 18:30 испиј ги капуслите, по ефектот чекај на сигналот за маската.“ Тие исто така носеле формални костуми.

3. Баигонг Цевките

Баигонг Цевките се повеќе цевки вградени во карпа во Тибет. Ако некој ги изградил, тоа според истражувањата би било пред 150.000 години, што значи дека не би можеле да бидат од човечко потекло. Научниците имаат пунудено неколку теории за тоа како настанале цевките, но ниту една не била доволно цврста да го смени верувањето дека се работи за некоја многу древна цивилизација.

2. Исчезнување на летот 19

На 5 декември 1945 година, ескадрила на Avenger Torpedo летала од мисија за обука од Форт Лодердејл на Флорида и бргу изчезнала. Сите 14 пилоти исчезнале и не била пронајдена трага од летот. За да биде мистеријата поголема ова се случило над Бермудскиот триаголник.

1. Исчезнувањето на „Крвавото знаме“

„Блутфане“ било нацистичко знаме потопено во крв за време на државниот удар, кој нацистите кој направиле во 1923 година. Крвавото знаме станало симбол за мачеништво на нацистите и на него биле испишани имињата на 16-те мажи кои загинале за време на државниот удар. Ова знаме за нив било толку свето што со него ги допирале останатите знамиња за да им дадат „моќ“. Последен пат знамето било видено на 18 октомври 1944 година. Оттогаш не се знае кој го земал и каде завршило.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено