Сите знаеме колку е важно да имаме место каде што можеме да се релаксираме по напорен ден, место каде што ништо не нè мачи и каде сè создава чувство за безбедност и удобност. Но, не е секогаш лесно да ги најдете работите што знаете дека совршено ќе одговараат на вашите потреби. Добрата вест е дека постои начин да ги создадете сами! Овие 10 креативни додатоци ќе го направат вашиот дом најомиленото место во светот за вас.

1. Облак-светилка

Првин земете парче шперплоча и нацртајте облак. Потоа исечете го со електрична пила и исполирајте ги рабовите. Кога вашиот облак ќе биде мазен обојте го со спреј и оставете го да се исуши. Сега земете метални држачи и прикачете ги на облакот. Ставете го облакот врз светилка, прикачете го на ѕидот и уживајте.

2. Релаксирачки килим од каменчиња

Едноставно земете старо килимче, исчистете го, земете лепило и залепете ги каменчињата по ваш избор.

3. Преубав сад за сапуни

Земете стаклен сад, обвиткајте го со пластична кеса и поставете ги омилените каменчиња. Залепете ги каменчињата и чекајте да се исушат. Кога ќе се исушат извадете ја кесата и го имате крајниот резултат.

4. Сопствена уметничка слика

Ако сакате уметност и не можете да најдете слика која соодветно ќе одговара на боите во вашиот дом направете си сами.

Првин купете платно, акрилни бои кои ви одговараат и една дебела четка. Нанесувајте ја секоја боја посебно. Користете мали парчиња ленти за маскирање за да создадете геометриски шаблони на платно. Покријте ги сите и оставете простор помеѓу парчиња. Нанесете бела боја на просторите што сте ги оставиле претходно.

5. Интересна панда-чашка

Ако сакате интересна чашка за млеко, пандата е одлична инспирација. Изберете фотографија од интернет, испринтајте ја и ставете ја од внатрешната страна на чашата. Потоа со посебни бои за стакло следете ги лините и насликајте ја вашата панда. Оставете да се исуши и уживајте во новата чаша.

6. Неверојатни чинии од лисја

Земете парче глина и со сукало измазнете ја. Земете еден голем убав лист и ставете го над глината и со сукалото поминувајте по листот се додека не остави уникатев отпечаток. Потоа земете кеса, ставете ја глината со се листот во неа и оставете ја да отстои една вечер. Потоа извадете го листот и обојте ја глината во саканата боја.

7. Креативни држачи за свеќи

Земете балон, надувајте го и ставете го во чашка. Потоа земете малку цемент и покријте го балонот со него. Гледајте слојот да не е премногу тенок или премногу дебел. Оставете го цементот да се исуши преку ноќ и потоа пукнете го балонот. Потоа скршете го држачот во асиметричната форма која ви се допаѓа. На крај обојте го одвнатре со која боја вие сакате.

8. Саксија од бајките

Првин одберете и отстранете два големи дела. Исчитете ја саксијата. Исполнете ја саксијата со почва и наместете ги двата скршени дела еден наспроти друг. Потоа ставете ги вашите кактуси така што ќе ја пополнуваат „патеката“ до врвот. На врвот додадете некои украси: Мал дворец, куќа, печурки и сл.

9. Едноставна вазна

Земете една обична чаша. На горниот дел од чашата ставете ленти селотејп, но оставете простор каде што ќе можат да се вметнат цвеќињата. Потоа ставете ластик околу чашата и наредете мали стапчиња. Ставете панделка околу ластикот.

10. Неверојатна ламба-месечина

Земете балон и надувајте го. Користете маркер за да направите круг околу чворот, ќе ви биде потребно за подоцна. Сега земете лепак, разредете го со вода во еднакви делови и внимателно промешајте ја мешавината. Покријте го балонот со лепак користејќи четка или едноставно натопете го во мешавината. Земете хартиени крпи и залепете ги на балонот. Користете ја четката за да ја измазните вашата Месечина. Додадете уште 2 слоја лепило и хартија и оставете да се исуши. Сега насликајте ја вашата Месечина како што сакате, но внимавајте да биде во светла боја, додадете ги темните детали потоа со помош на сунгер. Сега на местото каде што го нацртавте кругот исечете го балонот и извадете го. Сега само додадете сијалица.

Сподели на Facebook
пати видено