Носат пациент на ургентно, целиот искршен. Докторот запишува во книгата:
– Женет ли сте?
– Не бе докторе, мене кола ме згази…

– – – – – – –

Интересен факт:
– Ако на македонски министер му ја отсечат главата, тој продолжува да краде уште 20 минути.

– – – – – – –

– Докторе, помогнете! Мажот ми се зарази со трипер!
– А зошто тој сам не дојде на преглед?
– Тој уште не знае…

– – – – – – –

Како добар граѓанин отидов да дарувам крв.
Арно ама тие кога почнаа со едни прашања:
– Чија е таа крв? Па од каде е? Зошто била во кофа?

– – – – – – –

Судијата:
– Зошто го фрливте соседот преку балконот?
Обвинетиот:
– Не го фрлив соседот, само шифоњерот, затоа што почна да крцка!

– – – – – – –

Главниот доктор си зема една седмица одмор и оди на лов. Се враќа намуртен и нерасположен.
– Што се случи? – го прашува сестрата.
– Ништо не можев да убијам! – се жали докторот.
– Е, а да си останевте тука…

– – – – – – –

– Докторе, после операцијата ќе можам ли да имам с*кс?
– Да, но само анален.
– Добро, но ќе сакате ли да ѝ го кажете ова и на жена ми, затоа што таа не сака баш…
– Што им врска жена ви?

– – – – – – –

– Колку чини овој уред за мачење?
– Господине, тоа е венчален прстен!

– – – – – – –

Семејна кавга. Мажот:
– Душо, како да ти докажам дека со Мими сме само колеги и ништо повеќе?
– Донеси ми ја нејзината глава!

– – – – – – –

Разговор в аптека:
– Имате ли црни презервативи?
– Зошто баш црни?
– Еден колега почина и сакам да ѝ искажам сочуство на жена му.

Сподели на Facebook
пати видено