Мажите со брада во 1819:
– Ќе ја убијам таа мечка со голи раце!
Мажите со брада во 2019:
– Овој крем за раце со алое вера ли е?

– – – – – – –

Секој маж може да биде:
а) Среќно оженет.
б) Секогаш во право.
Можеш да одбереш само едно од двете!

– – – – – – –

Брачен пар на плажа…
– Стави си ја бурмата!
– Ти нормална ли си ма, на овој пекол?

– – – – – – –

– Тато, зошто ти е помодрело окото?
– Тебе ќе ти помодрат двете, ако уште еднаш некоја од твоите девојки си ги заборави гаќите во колата!

– – – – – – –

Зоки Поки:
– Мамо, памтиш ли кога ми рече, дека ако добијам 2 по математика, ќе ме пуштиш цел ден да играм надвор?
– Да, а зошто?
– Денес може да ме пуштиш половина ден.

– – – – – – –

Читам статус на една пријателка: „Мојот маж е најдобриот љубовник!“ Гледам долу 125 лајкови од нејзините пријателки. Очигледно не лаже!

– – – – – – –

– Тато, како блогерите наоѓаат инспирација што да пишуваат?
– Како вие сине што пишувате домашни работи! Еден паметен пишува, останатите 99 препишуваат!

– – – – – – –

Турист прашува локален жител од македонско село:
– Како во вашето село се качувате на толку високи ореви?
– Многу едноставно. Шарко, држ!

– – – – – – –

– Зошто сите племиња во историјата како жртви ги давале девиците?
– Да не се луди да ги убиваат тие што даваат.

– – – – – – –

Мажот налутено ја прашува жената:
– Жено, нешто не разбирам?!?
– Што?
– Зошто шишето со ракија ми е до пола празно?
– Затоа што си песимист, затоа…

Сподели на Facebook
пати видено