Откако почнала да постои „Неделата на забранети книги“ во 1982 година, повеќе од 11.300 литературни дела биле загрозени од цензура во училиштата, книжарниците и библиотеките низ САД, според Американската библиотечна асоцијација. Добијте ги фактите зад 10 класични книжевни дела што постојано се повлекуваат од полици за книги ширум светот.

Авантурите на Хаклбери Фин

Хаклбери Фин не им се допаднал многу на американците. Само неколку недели откако била објавена книгата во 1885 година, библиотекарите во Конкорд, Масачусетс ја одбиле затоа што била „група“ и за луѓе со слаб интелект. Две децени подоцна од своите полици ја отстранува и библиотеката во Бруклин затоа што биле користени прости зборови во делото.

Повикот на дивината

Книгата за кучето Бак, напишана од Џек Лондон била цензурирана уште од самото објавување во 1903 година, но не поради содржината на книгата туку поради политичката определба на авторот. Џек бил двапати кандидат на Социјалистичката партија за градоначалник на Оукланд, Калифорнија. Дел од неговите книги биле запалени и од Нацистичката партија во 1933 година.

Да се убие птицата подбивница

Оваа книга ја пратат контроверзии уште од денот кога е напишана. Првин била забранета во Вирџинија во 1966 затоа што била „неморална литература“, во 1996 била забранета во Тексас поради тоа што „не одговарала со вредностите на заедницата“, во 2009 била забранета во Онтарио затоа што содржела расистички зборови. Додека од позитивна страна книгата била повторно одобрена во Луизијана во 2013 година, по 12-годишна забрана.

Плодовите на гневот

Жителите на округот Керн, Калифорнија не биле задоволни како авторот ја опишува нивната локална заедница и во 1939 година ја забраниле книгата поради тоа што „клеветела“. Подоцна била забранета и во Источен Сент Луис, Илиноис, поради „непристоен јазик“ и „не е погодна за да ја чита нечија ќерка“. Потоа следела забрана од Канзас и Бафало поради „вулгарни зборови“. Ирска исто така ја забранила книгата во 1953, а имало забрана и од Турција во 1973 година.

Улис

Овој роман на ирскиот писател Џејмс Џојс од 1922 година кренал оргомна прашина, САД и Англија не само што ја забраниле книгата туку запалиле и над 1.000 копии од неа. Судија во 1933 година одлучил дека „Улис“ нема непристојна содржина.

Збогум на оружјето

Книгата на Ернест Хемингвеј напишана во 1929 година била забранета од фашистичкиот режим на Италија цели 20 години. Исто така била запалена и од нацистите во 1933 година. Полицијата во Бостон ја забранила продажбата на изданија на списанието Скрибнер, кое го рекламирало „застрашувачкиот“ роман, уште пред да биде издаден.

Кланица 5

Овој антивоен сатиричен научно-фантастичен роман на Курт Вонега бил забранет во многу држави по објавувањето во 1969 година. Њујорк, Охајо, Флорида ја забраниле поради „Експлицитни сексуални сцени на книгата, насилство и непристоен јазик“. Во 2011 била забранета и во Мисури. Во Северна Дакота во 1973 година дури биле и запалени 32 копии од книгата.

Игра во ’ржта

„Игра во ’ржта“ е првиот роман на американскиот писател Џ. Д. Селинџер. Оваа дело било честа мета на цензура и останало меѓу првите 19 „најпредизвикувачки дела“ од 2000 до 2009 поради вулгарноста, богохулството и сексуалните референци. Книгата била отстранета од средно училиште во Вашингтон во 1978, поради тоа што граѓанин идентификувал 785 пцости и тврдел дека сето тоа е дел од „комунистичкиот заговор“.

Лисја од трева

Збирката поезија на американскиот поет Волт Витман ги шокирала американците уште од 1855 година кога била објавена. Речиси секоја американска библиотека одбила да купи копија, а книгата дури и го чинела Витман неговата работа како службеник со Бирото за односи со Индија во 1865 година, откако секретарот за внатрешни работи, Џејмс Харлан, ја прочитал и сметал дека е непристојна и неморална книга.

Хари Потер

И модерната литература не е имуна на цензура. Иако се работи за бестселери овие книги добија поплаки од родители и други за наводна окултна/сатанска тема на книгите, религиозен поглед, анти-семеен пристап и насилство.

Сподели на Facebook
пати видено