Пред вашето дете да стане возрасно и независно, треба да преземете неколку чекори за да го заштитите. Потребно е да го научите вашето дека како да постапува со непознати и би било многу корисно ако му ги покажете овие 10 лесни и ефикасни совети.

1. Не го откривајте името на вашето дете.

Не го пишувајте името на вашето дете на неговите лични работи. Не го ставајте неговото име на ранецот, кутијата за ручек или пак термосот. Личните работи на вашите деца не треба да им даваат информации на непознатите луѓе, така доколку некој непознат го каже детето по име, детето ќе стекне доверба во него. Најдобро е да го напишете вашиот телефонски број наместо името, доколку дојде до губење на некој од овие предмети.

2. Да трча во спротивен правец од автомобилот кој го прати.

Ги учиме нашите деца дека не треба да влегуваат во автомобил на некој непзонат. Но доколку се случи некој автомобил да го прати детето, тогаш тоа треба да трча во спротивниот правец во кој се движи возилото. Ова ќе му помогне да добие на време за да побара помош.

3. Измислете семејна лозинка.

Ако некој му каже на вашето дете, „ Дојди со мене, ќе те одведам кај твоите родители“, првата работа што треба детето да го праша е, „Како се викаат моите родители? Која е нашата семејна лозинка?“ Ве советуваме да измислите лозинка, која ќе е корисна и во случај кога некој ваш пријател ќе треба да го земе детето од училиште кога вие имате обврски.

4. Инсталирајте апликација за пратење.

Благодарение на ГПС функцијата, вакви апликации ви овозможуваат да ја знаете точната локација на вашето дете и колку проценти му е батеријата на телефонот. Најдобри вакви апликации се Life360 Locator и GPS Phone Tracker.

5. Часовник со СОС копче.

Направите со копче за итни случаи најчесто доаѓаат во форма на часовник, ланче, алка и слично. Со помош на вакви направи родителите можат да пратат каде се наоѓа нивното дете, а кога детето ќе го притисне копчето, тоа ги известува родителите или полицијата. BuddyTag и Major-GSM Panic се такви направи.

6. Да извика „Не го познавам овој човек!“

Кога некој непознат се обидува да го грабне, сосема е во ред детето да се однесува „лошо“. Да го клоцне, да го удира, да го изгребе и да се обиде да привлече внимание по секоја цена.

7. Да научи да ги прекинува разговорите и да држи дистанца.

Детето треба да знае дека нема обврска да разговара со непознати, затоа ако разговорот трае повеќе од 6-7 секунди детето треба да си замине кон позната и безбедна локација. Секогаш треба да има дистанца од 2 метри помеѓу непознатата личност и вашето дете.

8. Да избегне возење со лифт со непозната личност.

Доколку некој непознат измислува изговори за да детето влезе во лифтот, тоа не треба да прифати и може самото да смсли изговор како што е, „Го чекам татко ми“ или „Мајка ми ми кажа сама да се возам со лифтот“.

9. Да не пушта непознати во домот, кога родителите не се дома.

Објаснете му на детето дека доколку некој заѕвони на врата а не може да види никој низ клучалката и нема повратен одговор на прашањето „Кој е таму?“, тогаш во никој случај детето не треба да ја отвори вратата. Детето не треба да каже дека неговите родители се отсутни, иако непозната личност тврди дека е мајстор за некоја поправка и дека неговите родители го повикале.

10. Да избегне лично запознавање со онлајн пријатели.

Предупредете го вашето дете дека денес предаторите се наоѓаат на интернет. Дека Мајкл, кој тврди дека има 10 години можеби е возрасен педофил. Затоа кажете му на вашето дете да не открива лични податоци преку интернет разговори и да не праќа слики на непознати.

Сподели на Facebook
пати видено